Author: Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето седумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции.
  • Препораки за намалување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор

    Јавното здравство во земјава се соочува постојан и растечки јаз меѓу потрошените средства и испорачаните резултати. Во текот на изминатите десет години, трошоците во здравството преку јавните набавки значително пораснаа, но обемот на услугите, ефикасноста и отчетноста стагнираат или се намалуваат. Трите анализи што Центарот за граѓански комуникации ги изработи во текот на 2025 и 2026 година даваат детален и сеопфатен преглед за овие предизвици и откриваат низа слабости, ризици од корупција и евентуални злоупотреби…

  • ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ / Младински кампови за обука

    📢 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ Проект: RISE Balkans – Зајакнување на гласот на младите: Одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот (проект бр. 101253022) во рамките на програмата CERV на Европската Унија. Период за аплицирање: 1 јуни 2026 – 20 јуни 2026 Организациски партнер: Центар за граѓански комуникации 🎯 КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ? Бараме мотивирани млади луѓе кои сакаат: Да се вклучат во граѓански активности и демократски процеси; Да развијат вештини во креирањето…

  • Дијалог за антикорупциски мерки во јавните набавки во здравството

    16 април 2026 год. | Скопје |  Центарот за граѓански комуникации денеска ги промовираше предлозите за преземање конкретни мерки за спречување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор, врз основа на претходно изработените истражувања и анализи на ризиците и на генераторите на корупцијата здравствените тендери. Македонското јавно здравство троши за јавни набавки повеќе од 300 милиони евра годишно кои се под бројни ризици од злоупотреба и неодговорно трошење. Претставници на клучните чинители од оваа…

  • Барање за понуда за креирање на видеа

    Почитувани, Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година“ финансиран од Национална фондација за развој на граѓанското општество Граѓански ресурсен центар Скопје (ГРЦ), има потреба од креирање на две видеа за потребите на предвидената онлајн кампања за промовирање на наодите и препораките од извештаите за подостапно, полесно и поефектно разбирање на содржината од што е можно поширок круг на публика и…

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 18 февруари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека: Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно. ЈСП располага со…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор