паблик

Граѓанскиот сектор – и коректив и партнер на институциите

Дали граѓанските организации треба да се коректив или партнер на власта? Колку отвореноста на системот за соработка и уважување на експертизите и знаењето на граѓанското општество може да поттикне придобивки за целата јавност? Постои ли црвена линија на здружување помеѓу јавните институции и невладиниот сектор?

Ова беа само дел од прашањата на менито на панел дискусијата „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, која се случи во рамки на денешното претставување на Инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени, резултат на истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

Гостите учесници беа согласни дека импактот кој што го прават граѓанските организации е значителен, но, и дека постои простор за нивно повидливо присуство и влијание.
Всушност, и самото истражување покажа дека долгорочните ефекти од делувањето на граѓанските организации изостануваат поради неподготвеноста на системот и на институциите да ги синтетизираат, односно системски да ги вградат нивните резултати.

– Довербата и во институциите, и во граѓанскиот сектор, сѐ уште е проблем во Македонија особено затоа што малку средства од државниот буџет поминуваат низ граѓанскиот сектор. Неоходна ни е структурална преобразба на општеството – тврди Ило Трајковски, професор на Институт за социологија при Филозофски факултет.

Тој додава дека погрешна е перцепцијата дека граѓанскиот сектор треба да служи само како коректор на власта и тој треба да стапи на сцена кога има некоја аномалија. Тоа беше во друг систем. Денес имаме нов начин на уредување, и трендовите во современите општества овој сектор го третираат како партнер, и на власта и на стопанството – вели тој.

Нано Ружин, пак, ректор на Факултетот за политички науки и дипломатија, негува доза скепса за приближувањето на невладиниот сектор кон владата, зошто, како што вели, „таа си има свои интереси“.
– Неопходна е внимателност кон партнерствата во општествата во транзиција. Имаме поголема демократичност, но, мора да сме внимателни. Иако, сметам дека невладиниот сектор е многу важен и силен и на меѓународен план. Граѓанското општество во идинина ќе игра голема улога и во дипломатијата. Станува една од главните компоненти на нашиот живот.
Сѐ уште сме во период кога овој сектор мора да се наметнува и како коректив и како контролор на власта. Но, мислам дека оваа политика сфатила дека граѓанските организации се битен фактор и еден од најзаслужните за промените кои треба да дојдат – нагласува Ружин.

Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, пак нагаласи дека граѓаните ги интересира како се трошат нивните пари, колку луѓе се вработени во јавната администрација, како се плаќаат. Оваа власт има поинаков однос и уважување на ставовите на граѓанските организации. Застанува на страна на вредности како: транспарентност, отчетност, инклузивност, за кои, политичарите не секогаш се свесни, а тука големо влијание има приближувањето на невладинито сектор. Мислам дека сега веќе нема трендови на гушење на криктиката или прикривање на информации, што го крева степенот на одговор на потребите на јавниот интерес- вели Маричиќ. 
Истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“ е спроведено во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.

Претставен Инструментот за мерење на влијание на граѓанските организации врз општествените промени

Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, денес беше претставен и Инструментот за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството.
Целта е да се утврди колку граѓанските активности се ефикасни и колку носат промени.

– Ова е прв обид да се создаде котекстуализиран инструмент кој што го мери општественото влијание во земјава – креиран согласно сликата од добиените податоци од терен – нагласи Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата „Паблик“ и објасни дека согласно теренското истражување, граѓанските организации создаваат социјален и интелектуален капитал што се важен ресурс за промена наструктурата на системот, преземаат одредени функции од јавните институции, како децентрализацијата на социјалните услуги, што го промени начинот на системската грижа за лицата со посебни потреби и ја хуманизираше нивната интеграција во заедницата.

-И промените кон демократизација и граѓанизација на јавната сфера беа поттикнати од граѓанскиот сектор, а тие станаа и партнери на институциите во спроведувањето на превентивните програми и се доближија до ранливите групи повеќе отколку што тоа им успеа на институциите – рече Илијевски.

Според Aлександар Кржаловски, национален лидер на тимот „Цивика мобилитас“ и прв извршен директор на МЦМС, истражувањата врзани за граѓанското општество и неговиот развој се секогаш важен дел, и оттука инструмент, механизам кој ќе го оцени нивното влијанието, е повеќе од потребен“.

– Особено во поглед на влијанието и промените кои се поттикнуваат. Периодов од последниве две до три години беше исклучително значаен за вакви анализи, за мапирање проблеми и решенија, смета тој.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор