megjashi

12 јуни – Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд

megjashiНасекаде во светот, милиони деца се секојдневно изложени на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Во оваа категорија спаѓаат сите форми на ропство, набавка или понуда на деца за проституција за производство со фотографија, продажба или трговија со деца и трговија со дрога. Воедно, овие деца се под постојана изложеност на ризична работа и се лишени од правото на соодветна грижа за нивното здравје, како и правото на соодветно образование. Едноставно кажано, тие се лишени од нивните основни слободи и права.

Годинава, фокусот на Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд – кој се одбележува на 12 јуни – е врз злоупотреба на децата и синџирите за набавка. Според најновите проценки на Меѓународната организација на трудот, 168 милиони деца сѐ уште работат, вклучени се во сите синџири, од земјоделство до производство и градежништво,. Податоците укажуваат на тоа дека злоупотребата на детскиот труд постои.

Во Република Македонија, според податоци на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, над 18 500 деца не одат на училиште и над 2000 деца секојдневно, денот го поминуваат на улица во нечовечки услови чијшто труд се злоупотребува. Овие деца се на различни возрасти и од различни националности, меѓутоа најбројни се Роми.

megjashi

 

Што презема државата за 1500 деца без извод од матичната книга на родените? Што со 2000 деца кои секојдневно питачат на крстосниците, препродаваат дребулии и други прозиводи? Што е со 18.500 деца кои не се вклучени во задолжителниот образовен процес? Зшто се уште има долга листа на чекање за впишување на децата во градинките ? Зошто се толерира отсуство на ученици во мај, јуни и септември кога дел од децата се ангажираат како сензонски работници? Дали просветните инспектори имаат увид за бројот на исклучени деца од образованието? Дали и кога ќе се потврдат или демантираат овие бројки од страна на Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика преку Државниот завод за статистика?

Деца кои доаѓаат од сиромашни семејства или од семејства со низок социјален статус, како и семејства кои живеат во ризик се потенцијални жртви од злоупотреба на детскиот труд труд. Таквите услови во семејствата во кои живеат се причина тие да питачат со цел да обезбедат било каква материјална егзистенција.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши со години укажува на тоа дека државата треба овие деца да ги вклучи во училиште и на тој начин да им се помогне да стекнат знаења, вештини, да се описменат и на тој начин да им се помогне да се тргнат од заробеништвото во кое се наоѓаат.

Доколку децата се вклучат во образование, кое треба да биде бесплатно и да започне уште во предучилишната возраст и им се дадат социјални бенефиции на овие семејства тогаш шансите се големи овие деца од крстосниците да се преместат во училишните клупи.

Заради тоа, оваа година Првата детска амбасада во светот повторно апелира: Со цел побрзо искоренување на злоупотребата на детскиот труд потребно е да се обезбеди вклученост на сите деца во предучилишното образование !

Бараме задолжително и бесплатно предучилишно образование за децата кои се во ризик нивниот труд да биде злоупотребен, деца чии родители се социјално обесправени и живеат во социјален ризик. Едно дете вклучено во раните години во предушилишно образование ќе значи едно дете помалку на улица. Сиромаштијата нема да биде искоренета се додека децата работници не се пренасочат на училиште. Детскиот труд ја одржува сиромаштијата. Преучилишното, основното и средно образование им овозможува на децата да стекнат образовни и социјални вештини. Образованието ги оспособува децата да стекнат знаење за нивните основни права и да го сфатат својот потенцијал.

Лице за контакт: Ангела Маневска Координатор на СОС телефонот за деца и млади 070/390 – 632

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е корисник на институционален грант на Програмата за поддршка на граѓанското општество – Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

    Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 19 октомври 2025 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право за време на првиот круг на Локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека […]
    Read More… from Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!
    The post Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели

    Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на […]
    Read More… from Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели
    The post Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата

    Finance Think организираше средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата на тема „Праведна енергетска транзиција: Кои се придобивките, а кои ризиците“. Клучните заклучоци се: Економски придобивки преку заштеди во цената на електричната енергија за домаќинствата и зголемена конкурентност на компаниите. Почиста и поздрава околина преку поголемо користење на обновливи извори на енергија. Координација […]
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата first appeared on Finance Think.
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата appeared first on Finance Think.

  • Работна средба помеѓу старешинството на ИО “Димитар Влахов“ и на СИМ

    На 7.10.2025 год. (вторник) во Домот на НВО во Велес се одржа работна средба помеѓу старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и старешинството на Сојуз на извидници на Македонија. На средбата учество зема старешината на СИМ Миќо Стојановски со членови на старешинството на СИМ и извршната канцеларија на СИМ….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор