20180326 Dimitar vlahov

65 години извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес – најстара младинска организација во Македонија

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на 10.3.2018 год. (сабота) во салата Бели мугри во Велес го одбележа своето 65 години постоење. На оваа свечена академија учество земаа голем број на активни членови, но и членови кои биле активни низ годините. На оваа свечена академија учество земаа и голем број на извиднички одреди од Република Македонија, но и братскиот одред од Република Србија, извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“.

По повод 65 годишниот јубилеј на прославата збор зеде и Старешината на Сојуз на извидници на Македонија, г-дин Огнен Стефановски. Свеченото експозе за 65 годишното работење во името на старешинството на одредот го имаше Бојан Миклош, предводникот на седмата генерација извидници на одредот.

Врз основа на член 12 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов”, старешинството на одредот доделува посебно признание на нашиот брадски одред извиднички одред “Мија Станимировиќ” од Ниш – Република Србија ПОВЕЛБА ЗА БРАТСТВО. Како за потсетувае :Во изминатите 20 години 1998 – 2018 нашите два одреди и нашите два градови живееја како едно. Сето ова започна во далечната 1996 година кога на една извидничка акција во Алексинац покрај логорскиот оган започна да се плете братската приказна. Во 1997 година на отварањето на извидничкиот центар Голозинци на тогашните 18 Средби на извидници доаѓа патролата на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш и тука започнаа целокупните активности за забратимување, а кое се случи на 7.3.1998 година на прославата по повод 45 години ИО Димитар Влахов. Во времето кога на овие простори дејствуваа деструктивни состојби и недоразбирања, нашите две извиднички единици се договорија да  соработуваат и да работат на унапредувањето на извиднчкиот дух, љубовта кон природата и младинските активности. Како одреди и понатуму ги надминуваме временските,територијалните и јазични бариери и понатаму без резервно ги продлабочуваме извидничките активности, се со цел да го издигнеме на највисоко ниво извидничкото братство помеѓу нашите два града Велес и Ниш, нашите две држави Србија и Македонија. Нашето збратимување беше пример дека ние во извидничката организација  како млади воопшто не ги гледавме дневно политичките ситуации и решивме да живееме заедно и да создадедеме подобар свет во кои веќе живееме 20 години. Со нашите  активности во овие 20 години братско  живеење докажавме дека можеме да ги воспитуваме младите на полето на образованието и воспитанието на младите во духот на основните принципи и методи на извидничкото движење. На свечена академија присутни беа нашите гости од Ниш од ИО “Мија Станимировиќ“ и тоа Милош  Младеновиќ, Слободан Тепавац, Александар Младеновиќ  , Душан Моравац,  Милош Ристиќ, Саша Марјановиќ, Милан Будаковиќ и Саша  Рангеловиќ. Преставникот на Европскиот скаутски регион  и член на нашиот одред, г-дин Јордан Бајрактаров   ја додели ПОВЕЛБАТА за БРАТСТВО и Благодарниците за соработка.

Врз основа на член 3 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” УСМЕНО се пофалија следните извидници и извиднички единици :

  1. Теона Голчева
  2. Стефче Рогужаров
  3. Давид Темелковски
  4. Адријан Шопов
  5. Даниел Скубаров
  6. Дејвид Угриновски
  7. Павел Шопов
  8. Гоце Славевски Матев
  9. Патролата Јети

Врз основа член 9 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов”, со ПОФАЛНИЦА на извиднички одред “Димитар Влахов“ за покажани резултати кои се однесуваат на јакнењето и ширењето на одредот, за истакнато учество на акции и успешно организирани акции и добра пропаганда на одредот се пофалија следните извидници

  1. Кристијан Јорданов
  2. Сара Нунеска
  3. Милчо Ракиџиев

Врз основа на член 8 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” со БЛАГОДАРНИЦА на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка , поддршка и помош во развојот и унапредување на одредот се наградуваат следните институции. Без добрата соработка со основните и средни училишта од град Велес, добрата соработка со  класните раководства од училиштата кои што во секој момент ни излегуваа во пресрет допринесоа голем број на активности да бидат успешно реализирани

  1. СОУ “Јовче Тесличков”
  2. ССОУ “Коле Неделковски”
  3. СОУ “Гимназија Кочо Рацин”
  4. СОУ “Димитрија Чуповски”
  5. ООУ “Васил Главинов” – Велес
  6. ООУ “Св.Кирил и Методиј” – Велес
  7. ООУ” Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес
  8. ООУ “Блаже Конески” – Велес
  9. ООУ “Благој Кирков” – Велес
  10. ООУ “Тодор Јанев“ – нас. Чашка

Врз основа на член 4 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за 5 годишно активно учество и развој на извидничкото движење во Велес, а кои со својата непрекината работа во последните две години допринеле за остварување на програмата за работа на одредот и совесно извршување на должностите со ЈУБИЛЕЈНА МАРАМА се одликуваа:

  1. Мартин Голчев
  2. Благој Ѓоргиев
  3. Кире Харалампиев
  4. Трајче Темелковки
  5. Марија Војневска
  6. Катерина Гушева
  7. Бојан Симонов

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

  • Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM

    На тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста: Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, Finance Think ја промовираше студијата „Подготвеност за CBAM и зелената индустриска транзиција во Северна Македонија“. Студијата покажува дека подготвеноста за CBAM ќе биде клучен фактор за одржување на конкурентноста на домашните производители на пазарот на Европската Унија. Во 2025 година, извозот […]
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM first appeared on Finance Think.
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор