20180226 scv

Конкурс за 16-тиот Меѓународен салон за стрип – Велес 2018

Стрип центарот од Велес го распишува конкурсот за Меѓународниот салон  на стрип „Велес 2018“. Учество можат да земат сите артисти од земјава и странство независно од нивната возраст. Темата на творење е слободна.

Должината на стрипот кој се испраќа треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (минимум 300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да содржи најмалку 5 сликички. Стриповите во боја се препорачува да се испратат преку пошта или да се достават лично.

Изборот ќе го направи тричлена интернационална комисија. Победникот на конкурсот ќе добие 200 евра и титулата „Златен стрип“, а покрај тоа ќе се прогласат и други титули како најдобро сценарио, надобар млад автор до 18 години и сл.

Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција. На учесниците ќе им се обезбеди пат , сместување и исхрана во текот на  Меѓународниот салон на стрип „Велес 2018“, кој ќе се одржи кон средината на септември.

Останатите пропозиции за учество се:

– Секој автор може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.
-Учесниците коишто се во основно образование можат да се насочат кон своите основни училишта заради ширење на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање.
-На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се наведе кој што направил: сценарио, молив, туш…)
-Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса, и држава од каде е авторот, е-адреса како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Во спротивно, тие нема да бидат земени предвид за награди.
-Стриповите од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилично писмо.
Рокот за испраќање е до 20 август 2018 година, а за учениците рокот е 25 мај 2018.
Делата може да се испратат на:
a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот) Ул. Васил Горгов, бр.78, 1400 Велес, Република Македонија
б) Или по електронски пат на stripkonkurs@gmail.com
За повеќе информации може да се јавите на 075 374 155

Стрип центарот е корисник на мал акциски грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор