Преку фестивалот „Movies That Matter“ се славеа човековите права

Со проекцијата на „Tickling Giants“ и дискусија за слободата на изразување и медиумските слободи, синоќа заврши филмскиот фестивал на документарен филм „Movies that Matter“ (Филмови кои вредат), фестивал кој ги слави човековите права, а организиран од Младински образовен форум заедно со Амбасадата на Кралството Холандија.

Оваа недела меѓу 11 и 16 декември јавни и алтернативни културни простори во Скопје, Велес, Битола и Тетово на жителите и младите на овие градови им обезбедија програма исполнета со општествено важни документарни филмови кои ги раскажуваат вистинските човечки приказни, како и дискусии со активисти, експерти и новинари.

Низ реалните освестувачки филмови за напорите на девојчињата од Авганистан да завршат училиште, животот на ЛБГТ луѓето во Израел и цензурата на новинарите во Египет, посетителите на фестивалот ги споделуваа своите впечатоци од филмовите во дискусија по филмовите со: Бенџамин Перкс – Претставник на УНИЦЕФ во Македонија, Јована Ананиевска од Х.Е.Р.А., Неда Чаловска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права, новинарката Сашка Цветковска, Мбера Камбери од Министерството за труд и социјална политика, Елена Петровска од Сигурна куќа и новинарката Убавка Јаневска.

„МОФ во својата работа преку неформалното образование користи разни пристапи и овие филмски проекции се еден одличен начин да се пренесе порака за состојбата и важноста на човековите права“ изјави Димитар Низамовски МОФ.

„Мovies that matter“ во Скопје

На проекцијата во Кино Култура во Скопје, Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ изјави: „Во секоја ситуација и во било кои околности мора да знаеме како да најдеме достоинство и да станеме подобри“.

Неда Чаловска од Хелсиншки комитет за Човекови права порача дека ние како општество воопшто не сме имуни на нерамноправност и сите мора да се потрудиме да испратиме порака дека различното не треба да се отфрли и казни, туку прифати.

„Образованието или ќе не изгради како луѓе или ќе не наполни со стигма и предрасуди“ се надоврза Јована Ананиевска од Х.Е.Р.А.

Во Битола, Елена Петровска кажа: „Моментално системот смета дека ЛГБТИ луѓето не се под ризик, Безбедната куќа им ја дава поддршката на ЛГБТИ луѓето која би требало да им биде пружена од државата“.

„Movies that Matter“ во Велес

Мабера Камбери од МТСП со охрабрувачки зборови за присутните, ја посочи важноста од вклучување на сите засегнати страни и посочи дека за подобрување на образованието не треба да се работи само со учениците, туку и со нивните родители и просветниот кадар.

Прикажаните филмови на фестивалот Movies that Matter беа: Who’s Gonna Love Me Now? (Барак Хејман и Томер Хејман, Израел/Велика Британија), Tickling Giants (Сара Такслер, САД) и What Tomorrow Brings? (Бет Марфи, Авганистан/САД).  Movies that matter ја користи моќтта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда, а филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експерти, уметници, креатори на политики, новинари и граѓанско општество.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор