Бегалците во македонските кампови: неизвесност, страв и надеж за подобро утре
Секој ден поминат во еден од бегалските кампови во земјава е ден полн со неизвесност за бегалците. Да останат и да чекаат или да се вратат во Грција, со надеж дека од земја членка на Европската Унија полесно ќе стигнат до некоја од западноевропските земји е прашањето што ги мачи со месеци. Нови бегалци не влегуваат во Македонија, но останува отворено прашањето дали на земјава може да и се случи нов бран на бегалци.
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.