
Продолжи со читање

Kампања „Едукацијата менува, казната крши“
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукацијата менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северна Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман.Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања. Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги.Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.Кампањата се фокусира на неколку клучни аргументи:Едукацијата пред казната: Основниот принцип е дека едукацијата и превенцијата се многу поефективни во справувањето со проблемите поврзани со дрогите отколку строгите казнени мерки. Казнувањето, особено за корисниците на дроги, честопати води кон стигматизација, социјална исклученост и влошување на проблемот, наместо негово решавање.Хуман пристап: ХОПС се залага за хуман пристап кон луѓето кои користат дроги, третирајќи ги како индивидуи на кои им е потребна поддршка и помош, а не само казна. Ова вклучува пристап до здравствени услуги, советување и програми за намалување на штети.Потреба од реформи: Постоечките закони и политики за дроги се застарени и неефикасни. Неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кои можеби предвидуваат построги казни, се гледаат како чекор наназад кој потенцијално може да ја влоши состојбата.Глобална поддршка: Кампањата е дел од поширокото меѓународно движење „Support. Don’t Punish“, што ѝ дава тежина и ја става во контекст на глобалните напори за хуманизирање на политиките за дроги.Поканети сте на настанот „Едукацијата менува, казната крши“, дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish“.Кога: 20 јуни, од 20:00 часот Каде: 1020 Kitchen & Bar 📍Лептокарија Што: разговор, музика од BB14 x BV14, и live art перформанс на mr. Poked.Дојдете да размениме мислења и да се забавувамe.

Покана за понуди за обучувач за спроведување на Обука
Покана за понуди за обучувач за спроведување на Обука
на млади од средно образование за дводневна обука за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар за потреба на проектот
„Да учиме за климатските промени„ , на ден 04.06.2025 објавува:
Повик за понуди
Експерт за спроведување на на Обука на млади од средно образование за дводневна обука за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
Периодот на релаизација: Јуни 2025 година
Креан рок за доставување на понуди: 10 јуни 2025 година
Информации за проектот
1.1 Наслов на проектот
Климатски промени/Животна средина
1.2 Донатор и програма
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
1.3 Побарувач на услуга
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
1.4 Информации за проектот
1.4.1 Општа цел
Да се придонесе кон намалување на штетните влијанија од климатските промени врз животната средина и луѓето, преку поддршка на пристап насочен кон децата и младите.
1.4.2 Специфична цел
Да се зголеми активното учество на младите како одговорни граѓани во справување со предизвиците од климатските промени и нивното влијание врз животната средина и човекот
1.5 Општи информации за задачата
Проектот „Да учиме за климатски промени“ побарува консултантски услуги од индивидуален/ни преведувач(и) / правен субјект, за спроведување на Обука на млади од средно образование за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната среди дводневна обука за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
на.
Давателот на услугата треба да достави понуда за:
за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
Контакт
Шуип Марку
070306652
Contact@cscd.org.mk
Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
Related

ПРОДОЛЖЕН РОК: ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година
Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 1 (еден) претставник од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година при процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година
Продолжениот рок за поднесување на пријавите е 13 јуни 2025 година.
Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk
Погледнете го целиот повик, образецот за пријавување и потребните документи на следниот линк.

Kампања „Едукација менува, казната крши“
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукација менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северена Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман.Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања. Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги.Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.Кампањата се фокусира на неколку клучни аргументи:Едукацијата пред казната: Основниот принцип е дека едукацијата и превенцијата се многу поефективни во справувањето со проблемите поврзани со дрогите отколку строгите казнени мерки. Казнувањето, особено за корисниците на дроги, честопати води кон стигматизација, социјална исклученост и влошување на проблемот, наместо негово решавање.Хуман пристап: ХОПС се залага за хуман пристап кон луѓето кои користат дроги, третирајќи ги како индивидуи на кои им е потребна поддршка и помош, а не само казна. Ова вклучува пристап до здравствени услуги, советување и програми за намалување на штети.Потреба од реформи: Постоечките закони и политики за дроги се застарени и неефикасни. Неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кои можеби предвидуваат построги казни, се гледаат како чекор наназад кој потенцијално може да ја влоши состојбата.Глобална поддршка: Кампањата е дел од поширокото меѓународно движење „Поддржи, не казнувај“, што ѝ дава тежина и ја става во контекст на глобалните напори за хуманизирање на политиките за дроги.Поканети сте на настанот „Едукација менува, казната крши“, дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish“.Кога: 20 јуни, од 20:00 часот Каде: 1020 Kitchen & Bar 📍Лептокарија Што: Дискусија, музика од BB14 x BV14 ,live art перформанс на mr. Poked пренесувајќи ја порака „Едукација менува, казната крши“.Дојдете да размениме мислења и да се забавувамe.

Прекинот на поддршката од УСАИД сериозно го погоди граѓанското општество во Северна Македонија
Од почетокот на 2025 година, финансиската поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за Северна Македонија е значително намалена, што создаде сериозни последици врз работата на граѓанскиот сектор.
УСАИД, која повеќе од три децении беше стратешки партнер на граѓанското општество, повлече речиси 37 милиони американски долари, планирани за периодот 2025–2028 година. Прекинот најмногу ги погоди областите на: добро владеење и антикорупција, младинско учество, медиуми и образование, демократија и човекови права, економски развој, социјална инклузија и дигитална и сајбер-безбедност.
МЦМС подготви анализа која ја опфати финансиската поддршка за периодот 2021–2028 година. Според наодите, до крајот на 2024 година биле активни 23 проекти со вкупна вредност од 74 милиони долари. Во спроведувањето директно биле вклучени, 49 различни организации и компании од кои, 35 се домашни граѓански организации, а 14 се македонски компании. За македонските граѓански организации и компании биле наменети 40 милиони долари.
Најпогодени програми се: „Партнерство против корупцијата“ со околу 8,5 милиони долари, „Граѓаните против корупцијата“ со околу 4 милиони долари, „Младите размислуваат“ -(YouThink) и младинскиот проект „Младите активно креираат можности“ – (YACO) со приближно 2,5 милиони долари.
Последиците од оваа одлука се веќе видливи. Организациите кои ги спроведуваа проектите се соочуваат со финансиска нестабилност и намалување на бројот на вработени. Уште поголеми се последиците за развојот на општеството заради прекинување на програмите кои требаше да донесат придобивки во клучните области како што е борбата против корупцијата, работата со младите и градењето отпорност преку медиумската писменост.
Податоците презентирани во извештајот се собрани и обработени преку деск истражување и анализа од официјалната веб-страница за меѓународна поддршка за развој на САД: https://foreignassistance.gov/. Истражувањето се спроведуваше во периодот февруари – март 2025 година, со фокус на активните програми и активности поддржани од УСАИД во Република Северна Македонија за периодот 2021–2028 година. Дел од податоците недостасуваат затоа што не постоеја алтернативни извори за потврда.
Следно >

Започна проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“
ХОПС – Опции за здрав живот, во јануари 2025 година започна со спроведување на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“, финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).Целта на проектот е да се воспостави национална, системски поддржана и научно заснована програма за превенција на употреба на дроги меѓу младите, која ќе биде применлива и одржлива во рамките на формалниот образовен систем.Контекст и потребаВо услови на отсуство на стандардизиран пристап кон превенција, голем број од активностите кои се спроведуваат во училиштата се ад-хок, неусогласени и неретко неосновани на научни принципи. Проектот има за цел да го смени ова преку воспоставување структуриран и институционален систем на превенција, кој ќе се базира на докази, континуитет и соработка со сите засегнати страни.Главни активностиПроектот ќе се реализира во текот на 24 месеци и опфаќа:Разработка на национална програма и стандарди за превенција, во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје;Вклучување на 108 средни училишта од различни региони на земјата и идентификација на најмалку 400 стручни лица (наставници, психолози, педагози, социјални работници);Организирање на 9 обуки за 216 учесници, со цел градење капацитети за примена на програмата;Развивање на модел-училиште како конкретен пример за практична имплементација на стандардите;Одржување на 3 јавни настани/форуми, преку кои ќе се поттикне поширока дискусија за пристапите кон младинска превенција;Дистрибуција на информативни и визуелни материјали, вклучително и прирачници, флаери, брошури и брендирани материјали за поддршка на видливоста.Очекувани резултатиСо воспоставување на стандардизиран систем, проектот има за цел:Да ја подигне свеста кај младите, родителите и наставниот кадар за ризиците поврзани со употребата на дрога;Да придонесе кон создавање институционален одговор базиран на истражување и факти;Да иницира долгорочна вклученост на образовните институции во превентивните политики;Да создаде модел кој ќе биде пример за понатамошно национално ширење и институционално прифаќање.Проектот се спроведува во партнерство со:Министерството за образование и наукаМинистерството за здравствоБирото за развој на образованиетоИнститутот за јавно здравјеСредни училишта од различни региони ДисклејмерПроектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“ е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот и не ја одразува нужно гледната точка на Европската Унија.
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.