Учество на настанот „Граѓани за промени“ во организација на МЦМС и Цивика мобилитас

Учество на настанот „Граѓани за промени“ во организација на МЦМС и Цивика мобилитас

На 23 септември во Градскиот парк во Скопје, ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ – Скопје учествуваше на настанот во организација на МЦМС и Цивика мобилитас „Граѓани за промени“, денови на граѓанските организации.

Во духот на приближувањето на граѓанскиот сектор кон својот двигател – граѓаните, Цивика мобилитас го организираше третиот Национален форум на кој се претставија граѓанските организации со мноштво активности. Форумот се одржи на 23 септември во Градскиот парк во Скопје, на Школка од 11.00 до 17.00 часот.

Во опуштена атмосфера, посетителите беа дел од работилници, презентации, проекции и изложби проследени со богата музичка програма. Организациите пак, се потрудија на забавен и интерактивен начин да им ги претстават своите залагања, предизвици, проекти и досегашни постигнувања.
Семејството на Цивика мобилитас денес се состои од 208 грантисти. Сите промени кои тие ги предизвикале, големи и мали, се само дел од сложувалката наречена „граѓанско општество“.

Настанот беше успешно реализиран и привлече големо внимание кај посетителите, особено младите кои ни ги споделија своите размислувања на тема „Сподели почит“ и ги преточија на креативен начин со свои цртежи.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор