Детерминанти на влијание на граѓанските организации во креирање на политики за рамномерен регионален развој

Покрај релативно високата нерамномерност во регионалниот развој на Република Македонија уште повеќе загрижува што таа нерамномерност се зголемува со текот на последните години, мерено преку коефициентот на варијација на БДП. Слабостите на политиките, покрај непочитувањето на Законот за рамномерен регионален развој во смисла на буџетско планирање од 1% од БДП за рамномерен регионален развој, е и немањето на капацитети за реализација на финансиските средства, како од страна на Бирото за регионален развој, така и од страна на Центрите за регионален развој.

Во оваа анализа опфативме и еден важен сегмент од функционалната парламентарна демократија, а тоа е и соработката на граѓанскиот сектор со регионите, како и регионалните карактеристики на граѓанскиот сектор. Детектирани се релативно поголеми регионални разлики помеѓу граѓанските организации по планските региони во РМ, особено во делот на вмрежувањето, меѓусебна соработка, финансиска одржливост и соработка со центрите за регионален развој. Загрижува и внатрешната и надворешната нето миграција во планските региони, особено на младите. Исто така детектиравме дека соработката на граѓанските организации со Центрите за развој на планските региони е на многу ниско ниво. Граѓанските организации сметаат дека соработката и спроведувањето на заеднички проекти со центрите би придонела за развој на регионот и според исказите на претставниците на ГО, многу е мал бројот на организации кои се запознаени со работата на Центрите за развoj на планските региони.

Во оваа анализа направивме и емпириско економетриско истражување кое треба да биде поттик за идни подетални истражувања за тоа кои се детерминантите на рамномерниот регионален развој. Еден од поважните емпириски наоди од економетрискиот панел модел е дека бројот на урбани/рурални ЕЛС по региони имаат статистичка значајност при 1% статистичка значајност за БДП во регионите во РМ и затоа атрибутот урбана/рурална ЕЛС треба да биде важна варијабла при носење политики за конвергенцијата на БДП по региони во РМ. Особено е значајно тоа што моделот емпириски покажува дека поголем број на урбани ЕЛС водат до повисоки БДП во регионите, а поголем број на рурални ЕЛС водат до пониски БДП во регионите. Овој наод е во иста линија  и со наодот дека значаен фактор кој влијае врз степенот на развој на ГО и нивното вклучување во креирање на политики е средината во која се регистрирани, во смисла урбана/рурална со што атрибутот урбана/рурална ЕЛС станува еден од главните фактори за анализа на детерминанти на влијание на граѓанските организации во креирање на политики за рамномерен регионален развој

Истражувањето на ЦЕА е достапно на следниот линк 

Целосната публикација е достапна на следниот линк

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на авторите, Форум ЦСИД и МИДС, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Ky publikim është përgatitur me ndihmën e Bashkimit Europian. Përmbajtja e këtij publikimi është përgjegjësi vetëm e autorit, Forum QHSD dhe IRDB, dhe në asnjë mënyrë nuk i pasqyron qëndrimet e Bashkimit Europian.

This publication has been produced with the assistance of the European Union. The contents of this publication are the sole responsibility of the authors, Forum CSRD and YIDC, and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 

The post Детерминанти на влијание на граѓанските организации во креирање на политики за рамномерен регионален развој appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор