Регионалните координатори на Рурална Коалиција на терен
Рурална Коалиција во изминатиов месец и половина преку своите 8 регионални координатори е постојано присутна на терен помеѓу своето членство, но и земјоделците и руралното население воопшто.
Имено, во сите 8 плански региони во РМ во тек е спроведување на истражување на тема: Колку земјоделците и здруженијата се запознаени со мерките за поддршка на руралниот развој кои се предвидени во Националната програма за рурален развој, како и дали и колку ги користат мерките на истата. Истражувањето се спроведува во рамките на проектот “Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“, кој што е финансиски поддржан од Цивика Мобилитас, а истото има за цел да ја скенира моменталната ситуација на терен и да ги мапира ефектите од досегашното познавање и спроведување на Програмата за рурален развој.
Предвидено е истражувањето да трае до 15-ти август, а во истото ќе бидат опфатени 800 испитаници. Податоците кои што ќе се добијат од терен ќе бидат обработени во вид на анализа и ќе претставуваат почетната тематска основа за работа на фокус групите на земјоделци и претставници на здруженија кои што ќе бидат формирани до крајот на месец август, а средбите ќе започнат да се одржуваат во месец септември.
Крајната цел на проектот е да се создаде еден цел добро формализиран и познат процес на креирање на програмата, поднесување на барања за поддршка преку истата, како и поттикнување на процесот на инклузивност во имплементацијата на истата од страна на оние за кои што истата е наменета, а тоа се земјоделците и руралното население.













![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44384](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mk-grc-mala.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/630311151_895856849832384_2455287352878253917_n.jpg)
![[aggregator] downloaded image for imported item #40356](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/web-page-cover-scaled-1-768x337.webp)
