Shar Planina

Шар Планина

РЕАКЦИЈА околу изградбата на патишта во пределот на Шара

Невладини организации и физички лица од Полошкиот регион и Скопје познати како Платформата „Пријатели на Шара“ којашто лобира Шар Планина да стане национален парк остро реагираат за последните случувања на планината и пробивање на патишта во уникатниот пејсажен сегмент од Шар Планина – локалитетот Лешница. „Пријателите на Шара“ сметаат дека изградба на патишта во срцето на идниот парк, односно зоната којашто во иднина треба да биде строго заштитена зона во паркот е апсурдно и загрижувачко за живиот свет на планината.

– Наместо сите заедно да работиме за заштита на планината во последните 20тина дена овој предел се уништува со изградба на патишта. Платформата не е запознаена дали патиштата кон Горна Лешница и Џинибег се изградени плански и дали поседуваат елаборат за влијанието врз животната средина. Сметаме дека постоењето на вакви патишта ќе биде закана за живиот свет на Шара особено она што остана од дивите кози, како и крупните ѕверови како волкот и мечката, изјави Јован Божиноски, член на платформата Пријателите на Шара.

– Од нашата досегашна работа, добивме позитивни сигнали од локалното население во врска со идното прогласување на паркот. Тоа го покажа и истражувањето што го спроведовме пред една година и коешто покажа дека дури 83% од локалното население нема против Шара да стане национален парк. Бидејќи идниот парк треба да поседува и вредности за заштита, апелираме градењето патишта на Шар Планина да престане бидејќи природата не простува и овој предел е значаен за заштита, изјави Метин Муареми, член на платформата „Пријатели на Шара“.

Пријателите на Шара наскоро ќе отпочнат и кампања против урбанизација на Шар Планина и апелираат нелегално ново изградените патишта на Лешница и цела Шар Планина да се затрупаат и да не се користат за да се зачува биодиверзитетот којшто утре треба да биде заштитен знак на националниот парк.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор