Јавна дискусија Како до квалитетна публика?

Јавна дискусија – Како до квалитетна публика?

Во јавната дискусија на фестивалот „Битола отворен град“ учествуваа:

Г- дин Владимир Лазовски– Заменик министер за култура на Република Македонија со поздравно обраќање
Воведничари:
проф. д-р Иван Додовски – Универзитет Американ Колеџ Скопје,
Петрит Сарачини – Министерство за култура на Република Македонија и
Маја Ангеловска – МКЦ – Битола

Модератор на настанот беше д-р Сашо Додовски.

Јавната дискусија се темели на документот ”Audience is Watching You – Challenges to Audience Development by Independent Cultural Organizations in Bosnia and Herzegovina, Macedonia and Serbia”, кој покрај заклучоци од серија јавни дискусии, содржи и препораки за донаторите и креаторите на политики, за истражувачите, образовните институции, граѓанските организации и културните работници.

Документот е изработен од експертски тим, во состав: Иван Додовски, Горан Томка и Аида Везиќ, преку консултативен и партиципативен процес, кој се разви во рамките на регионалниот проект “Публиката ве гледа”, кој партнерски го реализираат организациите: МКЦ – Битола, Независна културна сцена на Србија и Младински културен центар „Абрашевиќ“ од Мостар, а со поддршка на Програмата за регионална соработка на регионалната платформа за култура „Кооператива“.

Целта на оваа дискусија е да се соопштат резултатите од истражувањето, да се прошири кругот на вклучени страни и јавно да се разговара за препораките и за нивното спроведување.

МКЦ-Битола е институционален грантист на програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор