Почетна

Повик за вклучување вo

ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ!

 

ЗЕДМ Сложувалка ги поканува сите заинтересирани средношколци од општина Гевгелија да бидат дел од проектот „Подобрување на успехот во формалното образование“!

ЗОШТО?

Главна цел на проектот е зголемување на степенот на знаење и подобрување на покажаниот успех по предмети од наставната програма, за кои учесниците наидуваат на потешкотии присовладување на редовниот материјал или при подготовката за екстерното тестирање.

КАКО?

Ова ќе го постигнеме преку идентификување на два наставни предмета каде што пријавените учесници имаат слаб успех или каде што најчесто се соочуваат со потешкотии при учењето. По идентификувањето, ЗЕДМ Сложувалка во соработка со своите едукатори-волонтери ќе креира неформална наставна програмакоја ќе биде имплементирана преку креативни работилници и едукативни активности. 

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

За учество во проектот може да се пријават сите заинтересирани средношколци од СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија, кои следат програма од општествено-хуманистички или природно-математички науки, преку пополнување на следната ПРИЈАВА најдоцна до 27 февруари 2015 година.

Активностите ќе се организираат за два наставни предмета за кои пријавените ќе покажат најголем интерес.

Проектот ќе опфати 40 учесници. Доколку бројот на пријавени ја надмине оваа бројка, учесниците ќе се селектираат по принцип „прв пријавен“. При селекцијата на учесници, предност ќе имаат учениците од социјално загрозените семејства и децата без родителска грижа.

ДАЛИ УЧЕСТВОТО ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТНО?

Проектната програма, односно учеството на работилниците ќе биде бесплатно за сите учесници.Дел од патните трошоци за учесниците од околината на градот Гевгелија ќе бидат покриени.

 

Проектот е поддржан од Општина Гевгелија

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор