[Aggregator] Downloaded image for imported item #52583

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“.

Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и континуиран професионален развој на воспитувачите, негувателите и останатиот кадар во предучилишните установи.

Преку потпишаниот Меморандум, трите организации ја изразуваат својата подготвеност за развивање заеднички иницијативи и активности насочени кон:

  • Професионален развој и јакнење на капацитетите на предучилишните работници преку обуки, работилници, едукативни програми и размена на искуства.
  • Развој и споделување образовни ресурси, вклучувајќи прирачници, методологии, практични алатки и материјали кои можат да се применуваат во секојдневната воспитно-образовна работа.
  • Заедничко развивање и спроведување национални и европски проекти, со посебен акцент на можностите што ги нудат програмите на Европската Унија, вклучително и Erasmus+.
  • Поттикнување на иновативни и инклузивни образовни практики, со фокус на одржливиот развој, еколошката едукација и современите пристапи во раното детско образование.
  • Зајакнување на меѓусебната соработка и вмрежувањето, преку заеднички настани, иницијативи и партнерства со други релевантни институции и организации.

Како организација со долгогодишно искуство во областа на образованието за одржлив развој, неформалното образование и спроведувањето европски проекти, Еко Логик ќе придонесе кон ова партнерство преку својата експертиза, развиените едукативни ресурси и мрежата на национални и меѓународни партнери.

Од особено значење е можноста за директно вклучување на предучилишните работници во развојот и реализацијата на идни проектни активности, со што нивните практични искуства, потреби и предизвици ќе бидат земени предвид при креирањето нови образовни решенија.

Со оваа соработка, Еко Логик, Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“ поставуваат основа за долгорочно партнерство, засновано на размена на знаења, заедничко дејствување и создавање конкретни придобивки за предучилишните работници и децата.

Веруваме дека вложувањето во професионалниот развој на оние кои секојдневно работат со најмладите претставува вложување во иднината на образованието и општеството во целина.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор