Се стеснува просторот за граѓанско учество – слободата на изразување и здружување назадува во повеќето земји
Граѓанско учество и остварување на основните слободи продолжува да се стеснува во голем дел од светот, покажуваат резултатите од Индексот за владеење на правото за 2026 година на World Justice Project.
Според истражувањето, слободата на мислење и изразување се влошила во 64 % од анализираните земји, слободата на собирање и здружување во 67 %, а граѓанското учество во 65 % од земјите.
Овие показатели се особено значајни бидејќи се однесуваат на правата преку кои граѓаните и граѓанските организации можат да го следат работењето на институциите, да укажуваат на неправилности, да бараат информации и да учествуваат во донесувањето одлуки што влијаат врз нивните животи.
Во извештајот се посочува дека назадувањето на отвореноста на институциите е поврзано со ограничувањето на граѓанското учество и правото на пристап до информации, додека влошувањето во областа на основните права е поврзано со поголемите ограничувања на слободата на изразување, собирање и здружување.
Намалувањето на можностите за граѓанско учество има пошироки последици врз јавната отчетност, бидејќи го ослабува просторот во кој граѓаните можат да влијаат врз јавните политики и да бараат одговорност од институциите.
Наодите ја потврдуваат важноста на обезбедувањето услови за слободно дејствување на граѓанските организации, пристап до информации од јавен карактер и суштинско, а не само формално, учество на граѓаните во процесите на одлучување.
Извор: World Justice Project (2026). WJP Rule of Law Index 2026. https://worldjusticeproject.org/rule-of-law-index/downloads/WJPIndex2026.pdf



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52525](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/Rule-of-law-index-2026-e1793782628134.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52591](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/foster-logo-rgb-01-1024x546-1-768x410.png)




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52583](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/Project-Grant-Agreement-number_-101259627-768x284.png)