[Aggregator] Downloaded image for imported item #52513

Нов прирачник за основање, управување и одржливост на дебатни клубови

Во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“, објавен е нов прирачник наменет за наставници, младински работници, волонтери и сите што сакаат да основаат дебатен клуб или да ја унапредат неговата работа.

Прирачникот е еден од главните образовни резултати на проектот, кој го спроведуваат Хрватското дебатно друштво (HDD), Џуниор Ачивмент Албанија (JAA) и Младински образовен форум. Проектот има цел да го зајакне граѓанското учество на младите преку дебатната методологија и да поддржи развој на одржливи дебатни активности во локалните заедници.

Поврзувајќи ја дебатата со принципите на неформалното образование и младинската работа, прирачникот нуди теоретски основи и практични алатки за непосредна примена во работата со млади.

Што содржи прирачникот?

  • Преглед на формалното, неформалното и информалното учење и улогата на дебатата како образовен метод.
  • Практични методи на неформално образование и подготвени активности за работа со групи.
  • Претставување на дебатните формати Karl Popper, World Schools и British Parliamentary.
  • Активности за развој на аргументација, побивање, јавно говорење, аналитички вештини и тимска работа.
  • Насоки за етичка работа со млади, поставување професионални граници и создавање безбедна и инклузивна средина.
  • Примери за постапување во конкретни етички дилеми.
  • Користење на дебатата за конструктивно разрешување конфликти.
  • Практични насоки за основање дебатен клуб, мотивирање и задржување на членовите и планирање на долгорочната организациска и финансиска одржливост.
  • Дополнителни ресурси за развој на дебатните програми.

Посебен акцент е ставен на приспособувањето на активностите кон возраста, искуството, интересите и потребите на младите. Наместо фиксна програма, прирачникот нуди алатки што водителите можат да ги користат според контекстот во кој работат.

Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик, со што се овозможува негова поширока примена и по завршувањето на проектот. Материјалите се наменети да го поддржат понатамошниот развој на дебатните клубови и соработката меѓу организациите во Северна Македонија, Албанија и Хрватска.

Пoгледнете го прирачникот:

Проектот DEAL го спроведуваат Хрватското дебатно друштво (ХДД) во партнерство со Џуниор Ачивмент Албанија (JAA) и Младински образовен форум (МОФ), со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

The post Нов прирачник за основање, управување и одржливост на дебатни клубови appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор