[Aggregator] Downloaded image for imported item #52441

ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво

На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и буџети.

На средбата присуствуваа градоначалникот на Општина Кривогаштани, г. Игор Каравилоски, координаторот за еднакви можности на жените и мажите, претставници од општината и жени од локалната заедница. Разговорот го водеше фасилитаторката Татјана Атанасоска, која преку отворена и интерактивна дискусија ги поттикна присутните активно да се вклучат, да ги споделат своите искуства, потреби и предлози.

Во текот на дискусијата беа отворени прашања поврзани со можностите за вработување и самовработување, предизвиците со кои се соочуваат жените при започнување сопствен бизнис, пристапот до финансиска поддршка, грантови и ИПАРД-програмите. Посебно внимание беше посветено на потребата од подобра информираност на жените за постојните можности, како и на важноста од нивно охрабрување и поддршка за поголемо економско учество во локалната заедница.

Учесничките имаа можност да ги истакнат и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, особено жените од руралните средини, за кои пристапот до информации, можностите за вработување и институционалната поддршка често претставуваат дополнителен предизвик. Беше нагласена потребата од создавање услови во кои жените ќе можат да ги развиваат своите знаења, вештини и претприемачки идеи, но и активно да учествуваат во економскиот и општествениот живот.

Во рамки на разговорот беше истакната и важноста од поактивна улога на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, како и потребата од поголема поддршка за нејзината работа и вклучување на родовата перспектива при планирањето на општинските програми и буџети. Ваквиот пристап е особено важен за потребите на жените да бидат препознаени и соодветно адресирани преку конкретни локални мерки и активности.

Преку размената на мислења и предлози, средбата отвори простор за подобро разбирање на потребите на жените и зајакнување на соработката помеѓу локалната заедница и институциите. Истовремено, уште еднаш се потврди дека економското јакнење на жените не е само прашање на индивидуален напредок, туку и важен предуслов за порамноправно, поинклузивно и поодржливо локално општество.

Затоа што економски силни жени значат посилна локална заедница!

На крајот, упатуваме благодарност до градоначалникот, претставниците на Општина Кривогаштани и сите жени кои зедоа учество на средбата, за нивното присуство, отвореноста, активното учество и споделените мислења и предлози. Нивниот придонес е важен чекор кон зајакнување на дијалогот, соработката и заедничкото делување за подобри можности и поддршка на жените во локалната заедница.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • Посета на Британската амбасада во Скопје: јакнење на соработката и еднаквите можности во пожарникарството

    На 6 октомври 2026 година, претставници на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, предводени од командирот Кирил Михајлов, заедно со пожарникарки од Црна Гора и Хрватска и претставнички на британската хуманитарна организација „Operation Florian“, ја посетија Британската амбасада во Скопје. Делегацијата беше примена од господинот Даниел Филер (Daniel Fieller), заменик-шеф на мисијата. На средбата беа претставени…

  • Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

    Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

  • Националниот извештај за 2025 година: финансиска неизвесност, незавршени реформи и ограничено граѓанско учество

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави Националниот извештај за Северна Македонија за 2025 година „Матрица за мониторинг на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество“. Наодите укажуваат на продолжен јаз меѓу законски загарантираните слободи и условите во кои граѓанските организации секојдневно работат. Намаленото финансирање, одложувањето на клучните реформи и недоследните јавни консултации ја ограничуваат способноста на секторот да обезбедува услуги, да ги застапува потребите на граѓаните и да придонесува кон отчетноста на институциите.

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор