[Aggregator] Downloaded image for imported item #50982

Ја затворивме пловната сезона за 2026

На 19.9.2026 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ се организираше средба и свечена вечера за учесниците на регатата и каде се разгледаа сите активности на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“. На средбата беше презентиран и финсискиот извештај на овогодинешната регата кој ќе биде и предаден во Општина Велес пред Градоначалникот на Велес, г-дин Марко Колев и советниците при Советот на општина Велес.

Беше разговарано по сектори тоа:

  • координатор и капетан на регатата, Ангелче Гушев
  • меѓународна соработка, Владимир Ивановски – Вуцо
  • подршка на вода, Вили Јорданов и Александар Алексов
  • координација на пловни објекти за време на пловење, Иван Гушев
  • логистичка поддршка од копно, Ристе Давчев и Благој Јорданов
  • исхрана и сместување, Валентин Јанкуловски

По сектори сите се изјаснија за безпрекорна организација и немање на значајни проблеми. На оваа завршна средба се истакнаа и иницијативи за формирање на логистички тим кои ќе работи на Вардарска регата “Гемиџии“ 2027, а тој тим би бил предходница на регата и задолжен за поставување на целокупната инфраструктура за сместување, санитарни објекти, исхрана и престој во природа.

Се искажа голема благодарност до Градоначалникот г-дин Марко Колев за големата поддршка кој ја дава за организација на регата и Советот при Општина Велес.
На оваа средба се истакна дека м-р Ангелче Гушев од кога во целост ја координира Вардарската регата “Гемиџии“, единствената регата во Република Македонија во последните десет години покрај реализирање на Вардарската регата, тој успеа да нашата велешка регата се појави на повеќе регати како што се “Завеслај више“ во Шабац (Република Србија), “Битката за Неретва“ во Тузла (БиХ) и “Сава наутик“ во Брчко (БиХ).

The post Ја затворивме пловната сезона за 2026 appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Реакција на МЗМП- Не смее да се укине законската рамка за контаминираните подрачја

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) реагира на предложените измени на Законот за животната средина, доставени до Собранието на 4 септември 2026 година, со кои се предвидува бришење на членовите 28-а, 28-б, 28-в и 28-г – одредби што ја воспоставуваат законската основа за идентификување, следење […]
    The post Реакција на МЗМП- Не смее да се укине законската рамка за контаминираните подрачја appeared first on Myla.

  • Реакција на Законот за лобирање: Здруженијата и фондациите мора јасно да бидат изземени од Законот за лобирање

    Ја поддржуваме потребата лобирањето во Северна Македонија да биде транспарентно, отчетно и јасно регулирано. Сепак, предложените измени на Законот за лобирање отвораат сериозно прашање за […]

  • Редовни контроли и еволуција на процесот на терен

    Изминативе денови направивме и теренски посети во останатите училишта во Општина Карпош со претставник од Одделението за животна средина од Општина Карпош, за да ја провериме состојбата со компостот во компостарите.
    Заклучивме, дека во некои од нив процесот сè уште трае и на компостот му треба уште малку време за целосно да се дооформи. Дадовме корисни совети за процесот и дискутиравме со директорите и наставниците како да се продолжи.

    Трпеливо чекаме наскоро, да ги „нахраниме“ и останатите училишни дворови со ова одлично природно ѓубриво!

    Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата и граѓаните.

    Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови.

    Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор