[Aggregator] Downloaded image for imported item #50949

Соларен саем во Битола: Граѓаните во фокусот на праведната енергетска транзиција

На 15 септември, на плоштадот Магнолија во Битола, се одржа четвртиот Соларен саем, посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите граѓаните активно да се вклучат во енергетската транзиција.

Битола има особено значајно место во овој процес како најголемиот производител на електрична енергија во земјата. Токму затоа, информирањето и вклучувањето на локалното население е важен предуслов транзицијата кон почисти извори на енергија да биде праведна и да создава можности и за граѓаните.

Во рамки на саемот, посетителите имаа можност да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата енергија во домаќинствата, поставувањето фотонапонски системи и придобивките од сопственото производство на електрична енергија. Посебно внимание беше посветено на концептот на просумер, односно граѓанин или домаќинство кое произведува електрична енергија за сопствени потреби, а вишокот може да го предава во електродистрибутивната мрежа.

Преку информативни материјали, директни разговори и интерактивни активности, граѓаните можеа подобро да се запознаат со практичните аспекти на користењето на обновливите извори на енергија и со можностите што им стојат на располагање за сопствено учество во енергетската транзиција.
image

Соларниот саем во Битола имаше за цел да покаже дека енергетската транзиција не е процес кој се одвива само на ниво на големи енергетски системи и институции. Домаќинствата и локалните заедници исто така можат да имаат активна улога, а пристапот до јасни и практични информации е важен чекор за нивно поголемо вклучување.

Изразуваме благодарност до Go Green – Биди Зелен за нивниот придонес и поддршка во реализацијата на настанот.

„Соларен саем Битола“ е организиран од Центарот за климатски промени во рамки на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, во рамки на NDICI CHALLENGE/2024/455-010 „Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансформативна климатска правда во Европа и пошироко“, координиран од CAN Europe и кофинансиран од Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за климатски промени (ЦКП)

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор