Соларен саем во Прилеп: Од потрошувачи до активни учесници во енергетската транзиција
На 16 септември, на Градскиот плоштад во Прилеп, се одржа петтиот и последен Соларен саем од серијата настани организирани од Центарот за климатски промени со цел обновливите извори на енергија и можностите за нивно користење да се доближат до граѓаните.
Настанот им овозможи на посетителите на едно место да добијат практични информации за сончевата енергија, фотонапонските системи и можностите домаќинствата да произведуваат сопствена електрична енергија. Посебен фокус беше ставен на концептот на просумер и на улогата што граѓаните можат да ја имаат како производители, а не само како потрошувачи на енергија.

Преку директни разговори, информативни материјали и интерактивни активности, посетителите имаа можност подобро да ги разберат придобивките од сончевата енергија и практичните чекори што стојат зад одлуката за поставување сопствен фотонапонски систем.
Токму пристапот до јасни и разбирливи информации е важен за граѓаните да можат да донесуваат информирани одлуки за сопственото учество во енергетската транзиција. Преминот кон чиста енергија не зависи само од големите инвестиции и политики, тој се гради и преку домаќинствата, локалните заедници и граѓаните кои одлучуваат активно да станат дел од промената.
Со Соларниот саем во Прилеп беше заокружена серијата од пет Соларни саеми одржани во Охрид, Струга, Кичево, Битола и Прилеп. Преку нив, информациите за сончевата енергија, фотонапонските системи и просумерите беа донесени директно до локалните заедници, со цел да се поттикне поголема информираност и активно учество на граѓаните во создавањето почист и поодржлив енергетски систем.
Изразуваме благодарност до Go Green – Биди Зелен за нивниот придонес и поддршка во реализацијата на настанот.
„Соларен саем Прилеп“ е организиран од Центарот за климатски промени во рамки на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, во рамки на NDICI CHALLENGE/2024/455-010 „Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансформативна климатска правда во Европа и пошироко“, координиран од CAN Europe и кофинансиран од Европската Унија.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за климатски промени (ЦКП)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50946](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/21.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50982](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/regata3-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49794](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/Goran-Lefkov-400x318-1-e1789999958930.png)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50953](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/jugohrom-rashche-1024x683-3-768x512.jpg)

