[Aggregator] Downloaded image for imported item #50655

Потпишан Меморандум за соработка со Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес

На 11 септември 2026 година, Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат основите за заедничко делување и реализација на активности од заеднички интерес.

Соработката ќе биде насочена кон подобрување на квалитетот на животот, социјалната инклузија и еднаквите можности за лицата со попреченост, жените во ризик и старите лица, како и кон нивно економско и општествено зајакнување. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на социјалните услуги, пристапот до здравствена и социјална заштита, родовата еднаквост, можностите за вработување и поголемото учество на овие групи во општествениот живот.

Во рамки на Меморандумот е предвидено заедничко планирање и реализација на проекти и програми, размена на информации и добри практики, организирање обуки, работилници, јавни дебати и конференции, како и подготовка на заеднички иницијативи и кампањи. Двете организации ќе соработуваат и при учество на домашни и меѓународни повици за финансирање и ќе обезбедуваат меѓусебна стручна и техничка поддршка.

Меморандумот е склучен за период од пет години, со можност за продолжување по взаемна согласност, а претставува уште еден чекор кон градење посилни партнерства меѓу граѓанските организации и создавање поинклузивна и поправедна заедница.

 

Меморандумот е изработен во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, имплементиран од страна на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес,  финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор