[Aggregator] Downloaded image for imported item #50658

Покана – Обука за банките за работа со граѓански организации, 30.09.2026, хотел Арка, Скопје, 10 часот

Почитувани,

Граѓанските организации имаат значајна улога во развојот на општеството преку обезбедување услуги, застапување за јавен интерес и поддршка на различни категории граѓани.

Истовремено, финансиските институции имаат важна улога во обезбедување непречен пристап до финансиски услуги за легитимните организации, применувајќи пристап заснован на реална проценка на ризиците и разбирање на специфичностите на нивното работење.

Во насока на зајакнување на капацитетите на банкарскиот сектор за работа со клиенти од непрофитниот сектор, со задоволство ве покануваме да учествувате на:

Обука за банките за работа со граѓански организации

📅 30.09.2026
📍 хотел Арка, Скопје
⏰ Почеток: 10 часот

Пријавете го вашето учество <<ОВДЕ>> најдоцна до 28.09.2026г.

Обуката е наменета за кадри од банките кои се вклучени во процесите на проценка на ризик и работа со клиенти од непрофитниот сектор.

Преку интерактивни сесии и практични примери, учесниците ќе имаат можност да:

  • ги препознаваат различните типологии на граѓански организации и начинот на нивно уредување и функционирање;
  • применуваат реална и пропорционална анализа на ризици, земајќи ги предвид специфичностите на работењето на ГО;
  • го применуваат пристапот базиран на човекови права и ризици согласно националните и секторските проценки на ризик;
  • користат соодветни алатки и извори за прибирање и анализа на информации за граѓанските организации;
  • се запознаат со добри меѓународни практики и актуелни трендови во работењето на банките со ГО;

Обуката ќе овозможи подобро разбирање на новите препораки и пристапи кои придонесуваат за непречен пристап до финансиски услуги и поддршка на легитимната работа на граѓанските организации, истовремено обезбедувајќи ефективно управување со ризиците од страна на банките.

Ќе се разменат искуства, практични знаења и ќе се унареди соработката меѓу банкарскиот и граѓанскиот сектор.

Дополнителни информации и агендата на обуката ќе бидат доставени до пријавените учесници.

Обуката се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинска асоцијација ИМКА Битола.  

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Со почит,

Конект  и Младинска асоцијација ИМКА Битола

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор