ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“
Повик 2/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
Информации за проектот:
НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга
ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026
ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
Во рамките на проектот „Eco Patrol – Дигитална платформа за пријавување и реакција на загадување во реално време“, покрај останатите проектни активности, предвидена е следната активност:
A1.2. Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“.
За таа цел потребно е ангажирање на искусен Software Tester, кој под директен надзор на Здружението на еколози „Натура“ – Струга и проектниот координатор ќе биде одговорен за тестирање на функционалноста, квалитетот, сигурноста и употребливоста на веб-апликацијата „Eco Patrol“ пред нејзиното официјално пуштање во употреба.
Главни очекувани резултати
Главниот очекуван резултат од работата на ангажираниот експерт е обезбедување на стабилна, функционална и сигурна веб-апликација која ќе биде подготвена за пилот-имплементација.
Експертот ќе биде одговорен за:
- Подготовка на план за тестирање на веб-апликацијата;
- Тестирање на сите функционалности на платформата;
- Проверка на процесот на регистрација и најава на корисници;
- Тестирање на модулот за пријавување загадување, вклучувајќи прикачување фотографии и GPS локација;
- Проверка на функционирањето на различните кориснички улоги (граѓани, комунални претпријатија, еколошки организации и администратор);
- Тестирање на административниот панел и управувањето со пријавите;
- Проверка на интегритетот и сигурноста на податоците;
- Идентификација, документирање и пријавување на технички грешки (bugs);
- Повторно тестирање по отстранување на забележаните недостатоци;
- Подготовка на финален извештај за квалитетот и функционалноста на платформата со препораки пред нејзиното официјално користење.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ
За да може да биде ангажиран, експертот треба да ги исполнува следните услови:
- Завршено високо образование од областа на информатичките технологии, компјутерските науки или сродна област;
- Најмалку 1 година професионално искуство во тестирање на веб или софтверски апликации;
- Способност за идентификација, анализа и документирање на софтверски грешки;
- Добри аналитички способности и внимание на детали;
- Способност за работа во тим и почитување на рокови.
Кандидатите задолжително треба да достават:
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност е согласно динамиката на проектот, но не подоцна од завршувањето на петмесечниот период на имплементација.
Максималниот број на експертски денови за реализација на оваа активност е 30 дена.
Експертот ќе доставува извештаи до проектниот координатор, а финалниот извештај треба да содржи преглед на сите извршени тестирања, идентификуваните недостатоци, преземените корективни мерки и конечна оценка за подготвеноста на веб-апликацијата за користење.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 дена по уредно доставена фактура за изработен извештај, со трансакција на паричните средства од страна на Здружението на еколози Натура Струга на сметката на избраниот извршител на услугата.
- Авансно плаќање не се предвидува. Начинот на плаќање е задолжителен.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА
- Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
- Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива понуда.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: contact@natyra.org.mk или по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 07.07.2026 – до 17.00ч со назнака “ИТ ЕКСПЕРТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“,,: (име на понудувачот)“ Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.
Повеќе информации или прашања можете да поставите на contact@natyra.org.mk или телефон +38970601622.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА
Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mhc-mk-default.webp)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48915](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/9-768x644.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48920](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/11-3-768x644.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48568](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/Проектот-е-поддржан-од-владата-на-Швајцарија-преку-Цивика-мобилитас-9-939x1024-1-768x838.png)