ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“
Повик 3/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“.
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
Информации за проектот:
НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга
ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026
ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
Во рамките на проектот „Eco Patrol – Дигитална платформа за пријавување и реакција на загадување во реално време“, покрај останатите проектни активности, предвидена е следната активност:
A1.3. Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“.
За таа цел потребно е ангажирање на искусен UI/UX Designer, кој под директен надзор на Здружението на еколози „Натура“ – Струга и проектниот координатор ќе биде одговорен за креирање на корисничкиот интерфејс (UI) и корисничкото искуство (UX) на веб-апликацијата „Eco Patrol“, со цел да се обезбеди интуитивна, пристапна и функционална платформа за сите категории корисници.
Главни очекувани резултати
Главниот очекуван резултат од работата на ангажираниот експерт е изработка на современ, функционален и лесен за користење дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“, прилагоден на потребите на граѓаните, институциите и организациите за заштита на животната средина.
Експертот ќе биде одговорен за:
- Анализа на потребите и профилите на корисниците на платформата;
- Креирање на целокупниот UI/UX концепт на веб-апликацијата;
- Изработка на wireframes и user flow дијаграми;
- Дизајн на сите главни екрани и функционалности на платформата;
- Дизајн на интерфејсот за:
- регистрација и најава на корисници;
- пријавување загадување;
- преглед на пријавите на интерактивна мапа;
- административен панел;
- профили на различните категории корисници;
- Обезбедување responsive дизајн за користење на мобилни телефони, таблети и компјутери;
- Изработка на интерактивен прототип за тестирање на корисничкото искуство;
- Соработка со Web App Developer при имплементацијата на дизајнот;
- Подготовка на финални UI компоненти и Design System за понатамошен развој.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ
За да може да биде ангажиран, експертот треба да ги исполнува следните услови:
- Завршено високо образование од областа на графички дизајн, информатички технологии, дигитални медиуми или сродна област;
- Најмалку 1 година професионално искуство во UI/UX дизајн;
- Одлично познавање на алатки за UI/UX дизајн (Figma, Adobe XD, Sketch или слични);
- Креативност, аналитички пристап и способност за работа во тим;
- Почитување на рокови и способност за самостојна организација на работата.
Кандидатите задолжително треба да достават:
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност е согласно динамиката на проектот, но не подоцна од завршувањето на петмесечниот период на имплементација.
Максималниот број на експертски денови за реализација на оваа активност е 30 работни дена.
Експертот ќе доставува периодични извештаи до проектниот координатор, а конечниот резултат ќе биде комплетен UI/UX дизајн, интерактивен прототип и сите потребни дизајн елементи подготвени за имплементација од страна на Web App Developer.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 дена по уредно доставена фактура за изработен извештај, со трансакција на паричните средства од страна на Здружението на еколози Натура Струга на сметката на избраниот извршител на услугата.
- Авансно плаќање не се предвидува. Начинот на плаќање е задолжителен.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА
- Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
- Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива понуда.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: contact@natyra.org.mk или по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 07.07.2026 – до 17.00ч со назнака “ „ECO PATROL“UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“,,: (име на понудувачот)“ Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.
Повеќе информации или прашања можете да поставите на contact@natyra.org.mk или телефон +38970601622.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА
Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mhc-mk-default.webp)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48915](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/9-768x644.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48935](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/10-768x644.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48568](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/Проектот-е-поддржан-од-владата-на-Швајцарија-преку-Цивика-мобилитас-9-939x1024-1-768x838.png)