[Aggregator] Downloaded image for imported item #48693

Состаноци со Советите за социјална заштита на Општините во Вардарски плански регион

Состаноци со Советите за социјална заштита, заеднички чекори кон подобри услуги во заедницата.
Во рамките на проектните активности од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизација“, се одржаа состаноци со Советите за социјална заштита во повеќе општини од Вардарскиот регион, Општина Чашка, Градско, Велес и Росоман.
Целта на овие средби беше да се поттикне дијалогот меѓу локалните чинители, да се идентификуваат потребите на граѓаните и да се разгледаат можностите за унапредување и развој на услугите во заедницата.
Оваа активност е организирана од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, во партнерство со „Порака“ – Неготино и „Еко-живот“ – Кавадарци, во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан од програмата Цивика Мобилитас, финансиски поддржана од Владата на Швајцарија, а спроведувана од МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Вклучувањето на Советите за социјална заштита е од особено значење за креирање одржливи решенија, зајакнување на локалните капацитети и обезбедување поквалитетна поддршка за сите граѓани.
Заедно продолжуваме да работиме на создавање инклузивни заедници во кои секој има пристап до потребната поддршка, заштита на своите права и можности за достоинствен живот.

The post Состаноци со Советите за социјална заштита на Општините во Вардарски плански регион appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор