Screenshot 2026 08 26 at 15 04 10 Жени со глас за праведен буџет во Штип од проблем до иницијатива Гласен Текстилец

Жени со глас за праведен буџет во Штип: од проблем до иницијатива

Во рамки на проектот „Жени со глас за праведен буџет во Штип“, Гласен Текстилец реализираше четири едукативни работилници на тема „Родово одговорно буџетирање: од проблем до иницијатива“, наменети за жени од урбаните и руралните средини.

Работилниците беа реализирани со обучувачката Бети Пејева, преку интерактивен пристап, дискусии, практични вежби, групна работа и размена на искуства.

Од разбирање на буџетот до креирање иницијативи

Во текот на обуките, учесничките имаа можност подетално да се запознаат со процесот на креирање на општинскиот буџет и да разберат зошто е важно локалните буџети да ги земаат предвид различните потреби на жените и мажите.

Посебен акцент беше ставен на родово одговорното буџетирање: пристап кој овозможува јавните ресурси да се распределуваат поправедно и да одговараат на реалните потреби на заедницата.

Преку практична работа, учесничките идентификуваа конкретни проблеми и приоритети во своите локални средини. Работејќи во групи, тие ги анализираа проблемите и ги претвораа во родово буџетски иницијативи и конкретни предлози кои можат да бидат упатени до општината.

Од идеја до конкретен предлог

Работилниците отворија простор за разговор за прашања поврзани со пристапот до локалните ресурси, потребите на жените во урбаните и руралните средини и можностите за поголемо учество на жените во процесите на донесување одлуки.

Со секоја следна работилница, учесничките ги надградуваа своите знаења и ги доработуваа идеите, со цел тие да се претворат во реални и применливи иницијативи за подобрување на условите во локалната заедница.

Последната, четврта работилница беше посветена на финализирање на идеите и иницијативите. Следниот чекор е тимска работа на нивно доразвивање и официјално поднесување до Општина Штип, со цел конкретните предлози да бидат земени предвид во локалните политики и буџетски процеси.

Жените како активни чинителки во локалното одлучување

Преку овие активности, проектот придонесува кон зајакнување на знаењата и капацитетите на жените за активно учество во локалните процеси на одлучување. Истовремено, се создава простор нивните реални потреби и предлози да бидат препознаени како важен дел од планирањето и распределбата на јавните ресурси.

 

„Жени со глас за праведен буџет во Штип“ е проект спроведуван од Гласен Текстилец, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, имплементиран од Хелсиншки комитет за човекови права и финансиран од UN Women.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор