[Aggregator] Downloaded image for imported item #48580

Здравствените работници подготвени да го пренесат знаењето за препознавање и спречување на корупцијата во здравството

На 13 и 14 јуни 2026 година, Здружението ЕСЕ спроведе Обука за обучувачи за здравствени работници на тема „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“. На обуката учествуваа здравствени работници од различни нивоа на здравствена заштита и од различни региони од Северна Македонија, со цел да се зајакнат нивните знаења и вештини за препознавање, спречување и соодветно адресирање на корупцијата во здравствениот систем.

Во текот на дводневната обука беа обработени повеќе меѓусебно поврзани теми: медицинска деонтологија и етичко постапување, поврзаноста меѓу медицинската етика и корупцијата во здравството, родовите димензии на корупцијата, нееднаквоста и сексторцијата, како и механизмите за пријавување, заштита и институционална одговорност. Дополнително, ЕСЕ ги презентираше наодите од истражувањето „Корупцијата однатре и однадвор – Согледувања на здравствените работници за корупцијата во услугите, вработувањето, унапредувањата и јавните набавки“, со што се отвори простор за дискусија за реалните предизвици со кои се соочуваат здравствените работници и пациентите.

Особено значаен дел од обуката беа практичните сценарија, студиите на случај и дискусиите, преку кои учесниците имаа можност да ги поврзат стекнатите знаења со конкретни ситуации од здравствениот систем. Учесниците активно се вклучуваа во дискусиите, споделуваа искуства, поставуваа прашања и разговараа за можните начини за препознавање и пријавување на различни форми на корупција, вклучително и ситуации поврзани со судир на интереси, користење лични контакти, нееднаков пристап до услуги и родово засновани форми на злоупотреба на моќ.

Анализата на пред-тестот и пост-тестот покажа дека здравствените работници ги унапредиле своите знаења по завршувањето на обуката. Најголемо унапредување е забележано во препознавањето на родово заснованите форми на корупција, особено сексторцијата, како и во темите поврзани со автономијата и информираната согласност, еднаквиот третман на пациентите, нормализираната корупција и родовите аспекти на корупцијата во здравството. Овие резултати покажуваат дека обуката придонесе кон зајакнување на знаењата за етичко и професионално постапување, препознавање на корупциски ризици и користење на механизмите за пријавување и заштита.

Евалуацијата на обуката покажа високо ниво на задоволство кај учесниците. Учесниците особено позитивно ги оценија релевантноста на содржината, јасната структура на темите, стручноста на обучувачките, практичните примери и можноста за отворена дискусија. Здравствените работници како најкорисни делови ги истакнаа темите за пријавување на корупција, институционалната одговорност, законските механизми, практичните сценарија, родовите димензии на корупцијата и ToT вештините.

Во рамки на обуката беа направени и првични подготовки за спроведување на регионалните обуки за здравствени работници. Учесниците работеа на подготовка на планови за презентации и содржини за регионални обуки, а потоа ги презентираа подготвените планови пред групата. На овој начин, обуката не беше насочена само кон стекнување знаења, туку и кон практична подготовка на здравствените работници да ја преземат улогата на обучувачи во своите средини.

Учесниците оценија дека стекнатите знаења ќе можат практично да ги применат во својата работа и дека Обуката за обучувачи ќе им овозможи соодветно да ги спроведат регионалните обуки за други здравствени работници. Со тоа се создава основа за пошироко пренесување на знаењата, зајакнување на професионалната одговорност и градење поинформиран и поотпорен здравствен систем во однос на корупцијата.

Обуката се спроведува во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, кој Здружението ЕСЕ го спроведува со поддршка од Expertise France преку AFD – Agence Française de Développement.

Оваа содржина е исклучива одговорност на Здружението ЕСЕ и партнерските организации, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Expertise France и на Agence Française de Développement.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор