Обука за новата FATF препорака 8, 30.06.2026
Почитувани,
Меѓународно е проценето дека мерките за заштита од тероризам и перење пари се злоупотребуваат за намалување на граѓанскиот простор и против работата на НПО.
Препораката 8 од FATF бара земјите да спроведат мерки засновани на проценка на ризикот за заштита на секторот на непрофитни организации (НПО) од злоупотреба за финансирање тероризам, при што заштитните мерки треба да бидат пропорционални и да не ги попречуваат легитимните активности на граѓанските организации.
Препораката е неколку пати менувана како резултат на меѓународно застапување од што дел е и здружението Конект.
За подобра практична примена на меѓународните регулативи, со задоволство ве покануваме да учествувате на:
Обука за новата FATF ПРЕПОРАКА 8
📅 30.06.2026 📍 Хотел Панорамика Дизајн и Спа, Скопје (<<линк до локација>>)
⏰ Почеток: 10:00 часот и завршување во 14:00 часот
Пријавете го вашето учество на обуката преку следниот <<линк>>.
Обуката е особено корисна за претставници на банките и клучните институции во системот, бидејќи ќе помогне да се намалат бариерите со кои се соочуваат граѓанските организации при пристап до финансиски услуги.
На обуката Конект ќе ги пренесе најновите искуства и препораки од аспектот на НПО, додека пак меѓународните искуства од FATF/Moneyval и пристапите кои ги преземаат јурисдикциите за новата Препорака 8 ќе ни ги сподели меѓународниот експерт Бен Еванс, специјализиран консултант за СПП и СФТ и нејзината усогласеност со меѓународните регулативи. Дневниот ред ќе биде дополнително споделен со пријавените учесници.
Обуката се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинска асоцијација ИМКА Битола.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Со почит,
Тимот на Конект
КОНЕКТ
ул. „Ристо Шишков“ 12-1/4
1000 Скопје, Северна Македонија
Тел: 02 3224 198
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48568](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/Проектот-е-поддржан-од-владата-на-Швајцарија-преку-Цивика-мобилитас-9-939x1024-1.png)



