Ilustracija na tolpa so megafon i socijalni ikoni

ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК

за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка) која/а ќе биде ангажиран/а за учество и придонес во спроведувањето на 10 работилници насочени кон подигање на свеста кај младите за препознавање, превенција и спречување на родово базирано и семејно насилство.

Опис на ангажманот:

Целта на ангажманот е преку јавната препознатливост, влијанието и присуството во живо и на социјалните мрежи на избраното лице да се зголеми видливоста и досегот на кампањата, да се поттикне интересот и активното вклучување на младите и да се пренесат јасни пораки за важноста на ненасилството, почитувањето, еднаквоста и меѓусебната поддршка.

Избраниот/ата инфлуенсер/ка ќе има улога на јавен промотор и поддржувач на кампањата, преку активно учество во нејзината комуникација и промоција.

Ангажманот ќе опфати:

  • учество во реализацијата на 10 работилници со млади девојки во средни училишта и факултети во Прилеп и Битола, кои ќе се одржат во перидот 25 ноември – 10 декември 2026 година;
  • споделување лични искуства, пораки и ставови што ќе ги мотивираат младите девојки да препознаваат и да се спротивставуваат на насилството;
  • промовирање на работилниците и проектните пораки преку сопствените профили на социјалните мрежи, особено Instagram, со цел досегнување до поширока публика и зголемување на информираноста кај младите.
  • координација со проектниот тим во врска со реализацијата на предвидените активности;

Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат лица кои ги исполнуваат следните услови:

  • имаат препознатливост и позитивен јавен имиџ во јавноста и меѓу младите;
  • поседуваат активен профил на социјалната мрежа Instagram со најмалку 10.000 следачи;
  • имаат влијание врз својата публика и способност за креирање и споделување содржини што поттикнуваат интерес и ангажираност;
  • имаат интерес и подготвеност да придонесат кон подигање на свеста за превенција на насилството врз жените и семејното насилство;
  • се подготвени да учествуваат во сите 10 работилници, во координација со проектниот тим.

 

Предност ќе имаат кандидати со претходно учество во јавни, едукативни, младински или општествено одговорни иницијативи, како и лица кои преку својата работа и јавен ангажман промовираат ненасилство, еднаквост и почитување на човековите права.

Финансиски услови:

За ангажманот е предвиден вкупен бруто износ од 60.000 МКД. Исплатата ќе се реализира согласно склучениот договор и важечките законски прописи.

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • кратка биографија (CV) или краток професионален профил;
  • мотивациско писмо (до една страница), во кое ќе ја образложат својата заинтересираност за ангажманот и придонесот што можат да го дадат;
  • линк до Instagram профилот, односно профилите на социјалните мрежи преку кои кандидатот ја остварува својата јавна комуникација.
  • финансиска понуда за учество во 10-те работилници.

Документите треба да се достават на е-пошта: stanicapet@gmail.com, со назнака „Пријава за позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство“, најдоцна до 06.11.2026 година.

За дополнителни информации обратете се на: 076/278-753.

[1]


Ангажманот е дел од проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на програмата „Јакнење на жените, заштита на правата: зајакнување на граѓанското општество за борба против родово заснованото насилство во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvinna Foundation) и Шведска, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

    Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор