[Aggregator] Downloaded image for imported item #48350

ПОКАНА: Форуми за јавна презентација на буџетски иницијативи и застапување

Почитувани,

Ве покануваме да бидете дел од Форумите за јавна презентација и застапување на буџетските иницијативи, преку кои заеднички ќе придонесеме кон поголемо учество на жените и девојките во креирањето на локалните политики и донесувањето одлуки за општинските буџети.

На форумите ќе бидат презентирани иницијативи и предлози за подобрување на положбата на жените и девојките во локалните заедници, ќе се дискутира за нивните потреби и предизвици, како и за можностите за поактивно вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Термини и локации на одржување:

  • Виница – Хотел „Александар Палас“, 16 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 13:00 часот;
  • Штип – Хотел „Оаза“, 24 јуни 2026 година (среда), со почеток во 14:00 часот;
  • Делчево – Хотел „Либеро“, 26 јуни 2026 година (петок), со почеток во 16:00 часот.

Нацрт-програма

  • Регистрација на учеснички и учесници – 7 минути;
  • Отворање на настанот и воведни обраќања – 10 минути;
  • Презентација на проектот – 10 минути;
  • Претставување на значењето на родово одговорното буџетирање на локално ниво – 15 минути;
  • Презентација на иницијативите и предлозите за унапредување на положбата на жените и девојките во локалната заедница – 35 минути;
  • Излагање на претставник/чка од општината – 10 минути;
  • Форумска дискусија: потреби, предизвици и приоритети на жените во локалната заедница – 15 минути;
  • Препораки за понатамошно застапување – 8 минути;
  • Заклучоци и затворање на настанот – 10 минути;

Ги покануваме сите заинтересирани граѓанки и граѓани, претставници на институции и локална самоуправа, граѓански организации, медиуми и други засегнати страни да земат активно учество и да придонесат кон создавање родово инклузивни и одговорни општини.

Пријавување

За учество потребно е да се пополни пријавна форма со име и презиме, контакт телефон и градот за кој се пријавувате: https://forms.gle/3Wj1SrSaNaER6VhbA.

Организатори

  • Виница: Иницијатива на невработени интелектуалци;
  • Штип: ЕХО едукативно-хуманитарна организација;
  • Делчево: Гласен Текстилец.

Контакт и дополнителни инфорамции:

Телефони:

  • Тодор: 076 345 365;
  • Стефан: 075 316 109.

Е-пошта: info@glasentekstilec.mk

Форумите се дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој настан е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор