[Aggregator] Downloaded image for imported item #47985

КУМАНОВО, 22.05.2026 ✨

Со големо задоволство ги доделивме сертификатите на курсистките кои успешно го завршија курсот за маникир и педикир во Куманово. 💅✨

Во текот на обуката, учесничките имаа можност да стекнат нови теоретски и практични знаења, да ги усовршат своите вештини и да се запознаат со современите техники од областа на маникирот и педикирот. Со многу труд, посветеност и желба за напредок, тие успешно го завршија курсот и направија важен чекор кон своето професионално усовршување и економско зајакнување.

Куманово е деветта општина во која успешно се реализира доделувањето на сертификати во рамки на проектните активности, што претставува уште еден значаен чекор кон поддршка и јакнење на жените преку овие курсеви и стекнување практични вештини.

Им честитаме на сите учеснички за успешно завршениот курс и им посакуваме многу успех, нови можности и понатамошни достигнувања во иднина. 🌸

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Извидници волонтери од Велес работеа на санирање на извидничкиот центар Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Благој Јорданов, Валентин Јанкуловски и Владимир Ивановски во периодот од 28 до 31 мај 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на т.н. простор “Октагон“, придружни простории во трпезарија и трпезаријата на ИЦО – Охрид. Со превземените активности…

  • 27 години МОФ

    27 години млади луѓе кои прашуваат, дебатираат, учат, создаваат, се организираат и го менуваат општеството околу себе. Од 1999 година до денес, МОФ растеше заедно со генерации средношколци, студенти, дебатери, активисти, млади новинари, истражувачи, едукатори и волонтери. Секоја генерација МОФ-овци остави свој белег, а заедно изградивме простор во кој младите не се гледаат  само како […]
    The post 27 години МОФ appeared first on МОФ.

  • Велешките извидници со освоено прво место на акцијата “Фениксија 2026“ во Прилеп

    Во периодот од 29-31.05.2026 год. во црковниот локалитет Пресвета Богородидица во село Штавица, во близина на Прилеп пет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на акцијата “Фениксија” организирана од страна на извидничкиот одред “Феникс” од Прилеп. На оваа акција покрај  нашите членови, учество земаа и  извидници…

  • Учениците покажаа дека био-отпадот може да стане ресурс и зелена бизнис можност

    На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој во изминатите две години ги обедини учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија. Настанот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор