[Aggregator] Downloaded image for imported item #47781

#Зелен Петок 7: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

Здружението СТАНИЦА ПЕТ во соработка со ЈКП Комуналец – Прилеп организираше акција за чистење на јавна површина кај Вештачкото езеро – Излетнички ливади. Преку иницијативата „Зелен петок“ поттикнуваме поголема грижа за животната средина, заедничка одговорност и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавните простори.

Целта на акцијата беше чистење на јавна површина и подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на заштитата на животната средина и одговорното однесување кон природата.

Во акцијата учествуваа околу 40 активисти, волонтери, граѓани и претставници од партнерските институции, кои заеднички придонесоа за собирање и отстранување на отпадот од една од најпосетените рекреативни локации во Прилеп. Според податоците од ЈКП Комуналец – Прилеп, во акцијата беше собран над 5 м³ отпад, кој е соодветно одложен на депонијата во Алинци.

ЈКП Комуналец Прилеп обезбеди заштитни ракавици, пластични кеси и контејнер за отпад, додека Здружението СТАНИЦА ПЕТ обезбеди освежување за сите учесници.

Со оваа иницијатива испраќаме јасна порака дека заедничката акција носи видливи резултати, а грижата за животната средина започнува од секој поединец. Преку мали, но конкретни активности, можеме заеднички да создадеме почист, поздрав и поубав простор за живеење.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

#EUwithYоu, #ЕУсоТебе, #goodgovernance4greenagenda #добровладеењезазеленаагенда #GG4GA

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор