[Aggregator] Downloaded image for imported item #47015

Унапредување на здравјето на мајките и децата – Наоди од спроведениот мониторинг и анализа на програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2024 година

Секоја година Владата на Република Северна Македонија ја усвојува Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата која ја подготвува и спроведува Министерството за здравство. Главна цел на оваа програма е континуирано унапредување на здравјето на децата и жените во репродуктивниот период во насока на намалување на доенечката и маjчината смртност. Земајќи ја во предвид целта, оваа програма е од клучно значење за здравјето и добросостојбата на овие особено ранливи категории од населението.

Воедно целта на оваа програма е во насока на исполнување на Целите за одржлив развој (Sustainble development goals)  и тоа целта 3.1. До 2030 година да се намали глобалната стапка на матернална смртност на помалку од 70 на 100 000 живородени; како и целта 3.2. До 2030 година да се спречи превентабилната смртност на новороденчињата и децата на возраст под 5 години, со тоа што сите целта на глобално ниво е стапката на новородонечка смртност да изнесува најмалку 12 на 1 000 живородени, додека стапката на смртност на децата под 5 годишна возраст да изнесува најмалку 25 на 1 000 живородени[1].

Воедно значајно е да се напомене дека Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата е една од ретките програми на Министерството за здравство каде во последните 12 години се предвидуваат мерки и активности за ранливи категории на деца и жени, вклучувајќи ги: Ромските заедници, руралните средини, лицата без документи за лична идентификација, децата и жените од социо-економски ранливи средини, жени жртви на сексуално насилство и семејно насилство, жени со репетитивни абортуси и останати ранливи категории.

Во изминатата деценија активностите во програмата претрпеа низа на измени, при што беа усвојувани активности, кои потоа беа отстранувани од програмата, дел од активностите се појавуваат само во една година, додека дел од активностите се присутни во програмата повеќе од една деценија.

Целта на оваа анализа е да даде преглед на усвоените мерки и активности во Програмата за 2024 година, и споредба со Програмата за 2023 година, со цел да се увиди кои активности трпат измени во тек на овој временски период.

Целта на анализата е да ги прикаже наодите од мониторингот на спроведените активности и реализираниот буџет на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2024 година.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор