0fda496c 2702 4cea 8552 a55dbeae4d41

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026 – Национална мобилизација за чиста Македонија – 80 општини, 600 локации!

Датум: 8, 9 и 10 мај 2026

Ова е шеста по ред реализација на годишната еко акција Генералка викенд.

  • Национално обединување: ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026 е најмасовната еколошка акција досега, која ги поврзува граѓаните, институциите и бизнис секторот.
  • Одговорност: Со поддршка на клучните македонски компании, помагаме во имплементацијата на систем за одржливо управување со отпадот.
  • Едукација за иднината: Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ во соработка со GENERALKA WEEKEND имплементираат специјална еколошка програма наречена ЕКО ЧАС во сите училишта низ државата.

ГЛАВНИ АКЦИИ И ЛОКАЦИИ за 8, 9 и 10 мај

  1. НИЗ ДРЖАВАТА: акции во 80 општини на над 600 локации во исто време.
  2. ШАР ПЛАНИНА (с. Бродец): Специјализирано чистење на нелегално ѓубриште во Националниот парк. Учествуваат 20 припадници на вооружените сили на РСМ, рејнџерите на Националниот парк, тимот од компанијата Саубермахер и локални жители.
  3. ОХРИД (Конгресен центар): Заштита на езерскиот брег во соработка со УКИМ (студенти и професори), Сороптимист Интернационал и Сороптимист Мома Охрид.
  4. СКОПЈЕ (Официјално отворање): Голема акција за чистење на Кејот на Вардар (на потегот од Влае до Ново Лисиче). Оваа масовна акција е предводена од Град Скопје, кој со здружени сили со ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, мобилизира над волонтери од приватни компании и инатитуции за уредување на најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.

ПАРТНЕРИ И ПОДДРШКА

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е резултат на силно стратешко партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор:

  • Официјални партнери: Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Макстил, ЕВН, ИУТЕ, Саубермахер, КАЗ, Шпаркасе Банка.
  • Во соработка со: ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа) и Црвен Крст на РСМ.
  • Институционална поддршка: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за одбрана, УНИЦЕФ, УКИМ, Вооружените сили на РСМ.

Локалните акции за чистење се организирани и координирани директно од општините во соработка со Црвениот крст. Генералка Викенд е волонтерска акција и волонтерите се одговорни за сопствената безбедност.

Мен енд Маунтен и тимот на Генералка Викенд им посакува на сите волонтери радосно и успешно време за времетраењето на најголемата акција за чистење отпад во историјата на Македонија, Генералка Викенд. 

Да се извалкаме и да исчистиме!

РЕЗУЛТАТИ ОД МИНАТИТЕ ГОДИНИ

Импресивни се резултатите од Генералка Викенд 2025: вкупно беа собрани 645.770 килограми отпад, учество земаа 55.627 волонтери, акцијата се спроведе во сите општини во земјава, вклучени беа повеќе од 600 организации и институции и учество земаа  министерствата за животна средина и заобразование, одбрана, дигитализација и за европски прашања.

Во рамки на акцијата беше организирана и едукативната иницијатива ГЕНЕРАЛКА „ЕКО ЧАС“, реализирана во партнерство со Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ. Во неа беа вклучени повеќе од 36.000 ученици и 1.900 наставници, кои низ различни активности во своето опкружување придонесоа за почиста животна средина, а резултатите од нивниот труд беа презентирани во училиштата.

Сумасумарум, почнувајќи од 2021 година, па досега, во еко акцијата земале учество над 100.000 волонтери, а собран е повеќе од 1,5 милиони килограми отпад.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД и понатаму останува најголемата и најмоќна граѓанска еко акција во земјава, која ги поврзува институциите, граѓаните, младите, компаниите и медиумите во заедничка мисија – живот во чиста, здрава и зелена Македонија.

0fda496c 2702 4cea 8552 a55dbeae4d41

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор