[Aggregator] Downloaded image for imported item #46791

Хуманитарна оперска гала вечер

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР
Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” 🤍
Оваа вечер беше создадена со една јасна цел, преку уметноста да ја поттикнеме хуманоста, да ја подигнеме свеста и да покажеме дека заедништвото и солидарноста се најсилните алатки за општествена промена. Музиката не беше само изведба, туку глас на поддршка, надеж и верба во подобро утре.
Сцената блескаше со врвни оперски интерпретации, салата беше исполнета со емоции, а секој аплауз беше чекор поблиску до целта на кампањата.
Искрена благодарност до оперските уметници кои настапија несебично и со големо срце до публиката која со своето присуство и поддршка ја даде најголемата сила на кампањата до донаторите, партнерите и институциите кои препознаа и застанаа зад оваа иницијатива
Оваа гала вечер не е крај, туку почеток на една подолга приказна. Со истата посветеност и верба, ќе продолжиме да организираме вакви хуманитарни настани и во иднина, затоа што знаеме дека заедно можеме повеќе и подобро.
Ви благодариме што бевте дел од оваа вечер со значење.
До следна средба со уште повеќе уметност, хуманост и надеж
Уживајте во сликите и почуствувајте дел од атмосферата.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Ја затворивме пловната сезона за 2026

    На 19.9.2026 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ се организираше средба и свечена вечера за учесниците на регатата и каде се разгледаа сите активности на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“. На средбата беше презентиран и финсискиот извештај на овогодинешната регата кој ќе биде и предаден во Општина Велес пред Градоначалникот на Велес,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор