Младински дијалози во Скопје
Младинските дијалози се одлична можност за директно согледување на потребите на младите во Македонија. Низ интересен разговор помеѓу младите, претставници на НВО секторот, претстaвници на институциите и заинтересирани граѓани, вчера ја спроведовме активноста – Младински дијалози во Млади Хаб Скопје.
Голема благодарност за активното учество и споделувањето на сопственото искуство до
Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM
Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Активноста се спроведува во склопот на Еразмус+ проектот “Академија за младински политики: Вклучи се – поврзи се – поттикни”
Линк до фотографии:
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита и унапредување на животната средина “Еко-Живот” Кавадарци








