Национална работилница за креирање на документ со препораки за подобрување на состојбата на Советите на Млади

       

Во периодот од 11 – 14 мај, во Струга, Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија фасилитираше структурен дијалог помеѓу претставници на локалните самоуправи и членови на советите за млади од различни општини од Македонија за дефинирање клучни препораки за подобрување на функционирањето на советите за млади. Настанот се спроведе во рамките на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“, поддржан од Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). 

Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА: „Целта на проектот е да се подобри функцијата и улогата на Советите за Млади и на тој начин да се влијае на подобрување на младинското учество во демократскиот живот. Локалните совети за млади порачаа дека бараат поголема поддршка за својата работа од локалните власти, и притоа дефинирање на формални принципи на взаемна комуникација помеѓу органите и телата на локалните самоуправи и советите за млади преку соодветно законско решение, а во насока на унапредување на положбата на младите на локално ниво. Препораките кои произлегоа од процесот ќе бидат содржани во „Позициски документ со препораки за подобрување на состојбата на Советите за млади“ кој ќе биде доставен до донесувачите на одлуки на локално и национално ниво.“

Во првата фаза на проектот беше организирана Национална работилница со носители на одлуки на локално и национално ниво. Следуваа локални дискусии во 10 општини на кои се прибираа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции преку кои се дефинираа базични препораки за унапредување на функционирањето на советите за млади.

Процесот продолжи до организирање на  оваа Национална работилница на која младите членови на Совети за Млади и претставниците на локалните самоуправи и донесувачите на одлуки работеа заедно на дефинирање и финализирање на клучните препораки за: Функциите, задачите и организациската поставеност на советите за млади, Поддршка и вмрежување на локално и национално ниво, и Взаемна соработка помеѓу локалната самоуправа и советите за млади.

Следува финализирање на „Позицискиот документ со препораки за подобрување на состојбата на Советите за млади“ кој ќе биде доставен до сите засегнати страни на локални и национално ниво, а во насока на практична примена на дефинираните препораки.

 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор