УСПЕШНА ПИЛОТ ИНТЕРВЕНЦИЈА НА NBS СПРОВЕДЕНА ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА!

Оваа „зелена“ интервенција, покрај естетското подобрување на јавниот простор, има јасна цел за животната средина и јавното здравје:
- за подобрување на топлинската удобност, намалување на ефектот на урбан топлотен остров и создавање попријатна и поздрава средина за секојдневна употреба и рекреација и на младите и на постарите жители.
- Настанот го завршивме со формална средба со градоначалничката Бети Стаменковска, за време на која ја потврдивме нашата посветеност на зајакнување на меѓусебната соработка преку спроведување на слични иницијативи во сите области на заштита на животната средина.

Активноста е имплементирана во рамките на проектот „Решенија базирани на природата за унапредување на ублажувањето на климатските промени во градот Скопјe“, финансиски поддржан од Канадскиот фонд за локални иницијативи и Амбасадата на Канада во Белград, Србија.
Природата не е само жртва на климатските промени – таа е клучен дел од решението.
Ќе продолжиме да спроведуваме конкретни акции што носат видливи промени на локално ниво!
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје








