Untitled Design(2)

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари.

Токму затоа, решението не е само во законите – туку во нашите навики.

Иако законодавството е напреднато, практичната примена сè уште заостанува. А биоотпадот има огромен потенцијал: од него можат да се добијат корисни производи за секојдневна употреба, да се заштедат природни ресурси, да се заштити биодиверзитетот и да се намали загадувањето.

Циркуларната економија значи да го напуштиме моделот „земи-искористи-фрли“ и да започнеме да го гледаме отпадот како вредност.

Во процесот има улога за сите:

  • Домаќинствата – да селектираат и да препознаат дека биоотпадот е ресурс
  • Локалните власти – да обезбедат инфраструктура и поддршка
  • Училиштата – да создадат навики преку практично учење

Работилниците покажуваат дека децата најлесно учат кога експериментираат. Учениците со ентузијазам создаваат нови производи од биоотпад, а дел од нив дури започнуваат да го практикуваат тоа и дома. Така, знаењето се пренесува и во семејствата, а еколошката свест расте.

Како што веќе видовме со автоматите за рециклирање пластика – луѓето брзо усвојуваат нови навики кога имаат јасна корист и разбирање. Истото може да се случи и со биоотпадот.

Пораката е едноставна:
Селектираниот отпад е ресурс. Неселектираниот станува ѓубре.

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас., подготвивме серија едукативни видеа со цел да ја приближиме темата за органски отпад до секојдневието на граѓаните.

Содржината на оваа статија е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор