IMG

Одржана обука за новинарски аналитички приказни во рамки на Локал Актив Исток

На 30 септември 2025 година во хотел Оаза во Штип се одржа еднодневна обука на тема „Пишување новинарски аналитички приказни“ во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Институтот РЕСИС.

Работилницата беше наменета за новинарите и граѓанските активисти од Источниот и од југоисточниот регион и имаше за цел да придонесе кон развивање на аналитички пристап во известувањето за локалните проблеми и зајакнување на капацитетите на локалните новинари и организации.

Претседателката на Советот за етика во медиумите и долгогодишна новинарка во македонската секција на Британската радиодифузна корпорација – BBC, Билјана Георгиевска, ги водеше модулите посветени на основите на аналитичкото пишување, целите и структурата на новинарската анализа и методите за пристап до различни извори на информации. На работилницата, активистите и новинарите преку практични вежби и работа во групи дадоа нови предлози за теми за аналитички стории кои ги сметаат за релевантни во своите заедници, а потоа истите ги презентираа и ги дискутираа резултатите.

На работилницата беше презентиран начинот како да се пристапи до различни извори на информации, од документи и институции до индивидуални извори, со акцент на значењето на авторизацијата и водењето прецизни белешки во новинарската работа за обезбедување на релевантни податоци.

Со оваа активност како и со уредничкиот состанок кој се одржа на маргините, беше отворен новиот циклус во рамки на проектот Локал Актив, кој има цел да ја зајакне улогата на медиумите на заедницата како простор за дијалог, информирање и граѓански ангажман.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор