Covers LA

Средби со граѓаните во Делчево и Берово: Локал Актив го засилува граѓанскиот ангажман во Источниот регион

На 8 октомври 2025 година, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локал Актив“, поддржан од НЕД, а спроведуван од Институтот РЕСИС во партнерство со локалните граѓански организации, се одржаа две консултативни средби со граѓаните во Делчево и Берово.

Средбите се дел од пошироката серија на теренски активности што Институтот РЕСИС ги реализира во повеќе општини низ земјата, со цел да ги чуе гласовите на граѓаните, да ги идентификува локалните проблеми и да помогне истите да бидат формулираат како јасни општествени барања упатени кон институциите.

Преку ваквите средби, медиумот на заедницата Локал Актив, овозможува директен дијалог со жителите, локалните организации и независните новинари во регионот. На состаноците во Делчево и Берово граѓаните зборуваа за конкретни предизвици со кои се соочуваат нивните заедници, од проблеми со инфраструктурата, управувањето со отпад и јавните услуги, до потребата од поголема транспарентност и одговорност на локалните власти.

Собраните сознанија ќе бидат дополнително обработени и презентирани пред редакцијата на Локал Актив Исток, составена од локални новинари и граѓански активисти. Целта е овие теми да се преточат во истражувачки и аналитички приказни што ќе ја засилат видливоста на проблемите и ќе поттикнат институционални решенија.

Медиумот Локал Актив има за цел да го зајакне граѓанскиот ангажман и учеството во локалното владеење, да поттикне новинарско-граѓански сојузи за застапување на локални проблеми, како и да придонесе кон медиумски плурализам и развивање на комуникациските права на ранливите групи.

Овие две средби се дел од поширокиот циклус на консултации кои ќе продолжат да се спроведуваат во Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион до март 2026 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор