Image 28

Одржана средба на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт

На 30 јануари 2026 година се одржа седница на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт (ПОВ), во просториите на Фондација „Метаморфозис“. На седницата учествуваа претставници на 9 граѓански организации – членки на Управниот комитет.

На состанокот се разгледуваше Предлог-програмата за работа на Управниот комитет, која по состанокот беше доставена до сите членки за финално усвојување. Во рамки на дискусијата беше отворено и прашањето за видливоста и импактот на Мрежата. Дополнително, Управниот комитет на Мрежата одлучи во наредниот период да се фокусира на зајакнување на активното учество на постојните членки во Мрежата.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор