[Aggregator] Downloaded image for imported item #44001

Направи добро дело према себе

На 08.2.2026 год. (недела), членовите на патролата “Сусумук” од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и нашите сениори-брѓани по повод кампањата “Направи добро дело” органзизирана од страна на Сојуз на Извидници на Македонија по повод светскиот ден на извидниците организираа акција за уредување на одредските простории и средување на кујната во ИЦ “Голозинци“ .

Кампањата има четири различни дела, каде што секој ден се одвиваа во по една недела во месецот. Па затоа оваа недела беше “Направи добро дело према себе”, со што патролата и наште сениори овозможија подобри услови за работа и функционирање во нашата одредска просторија и кујната во нашиот извиднички дом во Голозинци.

Одредската програма по повод Светскиот ден на извидниците ги содржи и следните активности:

  • Крводарителска акција – 15.2.2026 год. (недела) од 9.00 до 15.00 часот во Народниот музеј во Велес
  • Учество на емисија во локалното радио Голди
  • Промоција на прирачникот “Ориентација во природа“ напишана од старешината на одредот м-р Ангелче Гушев
  • Учество на централна манифестација во Кичево по повод 22 февруари

The post Направи добро дело према себе appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор