Документ за политики „Компаративна анализа за справување со SLAPP во регионот на Западен Балкан и ЕУ vis-à-vis Северна Македонија”
Во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ”, спроведуван од Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ), изработен е документ за политики „Компаративна анализа за справување со SLAPP во регионот на Западен Балкан и ЕУ vis-à-vis Северна Македонија”.
Анализата има за цел, преку споредба на најновите правни реформи и иницијативи насочени кон справување со SLAPP во Европската унија и во земјите од регионот, да придонесе кон изготвување на јасен анти – SLAPP патоказ за Северна Македонија, во согласност со европските стандарди и најдобрите практики развиени во рамки на Европската унија и Советот на Европа.
Документот е изработен на три јазици: македонски, албански и англиски.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Иницијатива за европска перспектива ИЕП


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43981](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/screenshot-from-2026-01-12-23-44-04-e1768257987968.png)





