[Aggregator] Downloaded image for imported item #43805

Зголемена прифатливост и подложност на корупција

Анализата на ставовите на граѓаните кон различните форми на коруптивни практики покажува загрижувачки трендови. Во 2025 година, 53,7% од испитаниците изјавуваат дека не би прифатиле никаква форма на коруптивно однесување, наспроти 46,3% кои би прифатиле. Овој сооднос претставува значително влошување во споредба со претходните истражувања (во 2023 година односот бил 62,9% наспроти 37,1%, а во 2021 година 63,3% наспроти 36,7%).

Иако младите на возраст од 18 до 29 години и понатаму се групата со најниска толеранција кон корупцијата, и кај нив се забележува негативен поместувачки тренд. Во 2025 година, околу 70% од младите ги сметаат повеќето коруптивни практики за неприфатливи, за разлика од над 80% во 2023 година.

Доколку резултатите се проектираат врз основа на последната процена на населението, произлегува дека за околу 677.763 полнолетни граѓани во Северна Македонија корупцијата претставува прифатлив начин на однесување. Овој број е значително повисок во однос на претходните истражувања и претставува сериозен предизвик за креирањето и спроведувањето на ефикасни антикоруптивни политики, особено имајќи предвид дека ваквите ставови лесно може да бидат злоупотребени од политички и бизнис-актери.

zgolemena prifatlivost i izlozenost na korupcija

Дополнително загрижува фактот што во 2025 година дури 45% од граѓаните се оценети како подложни на корупција што претставува највисок процент од 2014 година наваму. За споредба, овој процент изнесувал 19% во 2023 и 31% во 2021 година. Истовремено, се бележи значително намалување на уделот на граѓани кои не се подложни на корупција (од 39,9% во 2023 на 26% во 2025), како и на оние со мешано однесување (од 41,1% на 29%).

Иако се намалува процентот на граѓани кои би платиле поткуп „по секоја цена“, вкупната подложност на корупција сепак расте. Резултатите укажуваат на трајна амбивалентност во односот кон корупцијата: од една страна, моралното осудување останува високо, но од друга, практичната толеранција сè повеќе се зголемува. Ова упатува на ниска доверба во институциите и во можноста проблемите да се решаваат без коруптивни практики – состојба која ја одржува и продлабочува подложноста на корупција во општеството.

„Извештајот за проценка на корупцијата во Северна Македонија- 2025“ , е подготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектот „Граѓанскоопштество за добровладеење и антикорупција во ЈугоисточнаЕвропа: Градење на капацитетите за застапувањеврзбаза на докази, влијаниеврзполитиките и граѓанскиангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската комисија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор