[Aggregator] Downloaded image for imported item #43801

Во каква средина работат организациите чиј фокус се родовите прашања

Македонскиот центар за меѓународна соработка го објави „Истражувањето во фокус: мониторинг на овозможувачката околина за организации кои работат во областа на родовата еднаквост и правата на жените”, кое обезбедува сеопфатна, анализа заснована на докази на условите во кои делуваат овие организации во Северна Македонија.

Наодите покажуваат дека овие организации се соочуваат со фрагментација и слаба координација. Ова ги ограничува можностите за структуирана соработка и заедничко застапување. Поранешните граѓански платформи во голема мера се неактивни што остава празнина во ефективното претставување на заедничките интереси.

Покрај тоа, женските активистки и организациите фокусирани на родовите прашања се имаат проблем со капацитетите, често немаат доволна институционална и професионална поддршка за развој на лидерство, менаџерски вештини и долгорочна одржливост.

Што се однесува пак до финансирањето, тоа останува високо нестабилно, при што општините покажуваат ограничена одговорност за поддршка на суштинските услуги, а владините механизми се ранливи на политичко влијание. Проектите финансирани од ЕУ и меѓународните донатори често се соочуваат со пречки поради слаби или непостоечки обврски за кофинансирање од страна на државата.

Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека иницијативите предводени од жени, програмите во земјоделството и академските истражувања во областа на родовите студии остануваат недоволно финансирани и слабо препознаени, и покрај нивното значење за социјалната и економската инклузија. Родoвата еднаквост и правата на жените често се маргинализирани во јавниот дискурс, со ограничен број кампањи или напори за нормализирање на учеството на жените во донесувањето одлуки и граѓанскиот живот.

istrazuvanje vo fokus mm mk 2024Истражувањето се осврнува и на законодавната и политичката стагнација и на заканите за граѓанскиот простор и независноста каде политичкото мешање во финансирањето, судирите на интереси и инструментализацијата на граѓанските иницијативи за партиски цели се препознаваат како елементи што ја поткопуваат кредибилноста и независноста на граѓанското општество.

Сите заклучоци од оваа анализа се преточени во препораки кои можат да одговорат на актуелните предизвици.

Податоците за истражувањето со собирани во текот на 2025 година преку кабинетско истражување, полуструктурирани интервјуа со претставници на граѓанските организации, активисти и институционални чинители, и преку анализа заснована на случаи.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор