[Aggregator] Downloaded image for imported item #43672

Потпишан Меморандум за Соработка меѓу З.Е „Натура“-Струга и Општина Струга

Здружението на еколози „Натура“-Струга ја информира јавноста дека во петокот, во просториите на Општина Струга, се одржа работна средба, при што беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу нашата организација и Општина Струга.

Меморандумот беше потпишан со Шеф на Кабинетот на Градоначалникот на Општина Струга, г-ѓа Шефкие Аласани Дика, што претставува значаен чекор кон унапредување на институционалната соработка во областа на заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот.

Овој меморандум е дел од имплементацијата на регионалниот проект „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас, чија цел е зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, како и инсталирање на вкупно 30 инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во пет општини од Југозападниот регион.

За време на средбата беа презентирани проектот и планираните активности, со посебен фокус на:

  • воспоставување на структуриранa соработка со општинската администрација на Струга,
  • инсталација и функционализација на мрежа од граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот,
  • активно вклучување на Општина Струга во Регионалниот граѓански совет за воздух, како платформа за редовен дијалог помеѓу општините, граѓаните и граѓанските организации,
  • координација на активностите преку назначени контакт лица од локалната самоуправа.

Здружението на еколози „Натура“-Струга ѝ се заблагодарува на Општина Струга и на г-ѓа Шефкие Аласани Дика за соработката и подготвеноста за институционално партнерство, при што го потврдува својот ангажман за отворен дијалог, активно граѓанско учество и конкретни активности во насока на поздравa животна средина и почист воздух за сите граѓани на Струга.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор