[Aggregator] Downloaded image for imported item #43665

Координативна средба со партнерската организација Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“

Одржавме работна и координативна средба со нашата партнерска организација, Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево, во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“.

За време на средбата беа разгледани следните чекори за имплементација на проектот, распределбата на улогите и одговорностите, како и координацијата на заедничките активности насочени кон зајакнување на граѓанското учество и мониторингот на квалитетот на воздухот во регионот.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, и претставува значаен чекор кон одржлива соработка меѓу граѓанските организации за поздрава и потранспарентна животна средина.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор