Zdravstvo18.12.2025 scaled e1766150026909

Консултативна средба за јавни набавки

Денеска се одржа консултативна средба со претставници на надлежните и релевантните институции за наодите од нашето истражување: „Клучни играчи и конкуренција во јавните набавки во здравството 2015-2024“. Присутните се запознаа со сознанијата од истражувањето и преку дисусијата и размената на мислења придонесоа за  негова финализација.

Здравствениот систем се соочува со постојан притисок да обезбеди квалитетни услуги во услови на ограничени ресурси, растечки трошоци и зголемени очекувања на населението. Затоа, од суштинско значење е не само колку средства се издвојуваат, туку и колку ефикасно и транспарентно се трошат тие средства.

Ова е второ во низата од три планирани истражувања за јавните набавки во здравството кои треба да резултираат со конкретни препораки за намалување на корупцијата во здравствениот сектор.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор